На денешен ден-4 октомври

0
93

*4 октомври1986.- Во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржа Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) е избран за трет по ред архиепископ охридски и македонски – поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положи свечена заклетва и му беа врачени архиепископските обележја.

Прв поглавар на Македонската православна црква беше обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Доситеј (Димитар Стојковски) втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврти г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан (Стојан Велјановски).

*4 Октомври 1958 – Во Охрид, во катедралната црква Св. Софија, во присуство на 219 делегати, се одржа Вториот црковно-народен собор на Македонската православна црква (МПЦ). На Соборот, во лицето на Македонската православна црква беше возобновена Охридската архиепископија. Епископот Доситеј беше избран за прв поглавар на Црквата со звање архиепископ охридски и скопски и митрополит македонски

*4 Октомври 1913 – Прашањето за разграничување на Албанија со Македонија, која се наоѓала под српската окупација, и натаму било предмет на Мировната конференција на амбасадорите на големит сили во Лондон. Во надлежност на комисијата што имала задача да ја определи границата на Албанија од брегот на Јадранското Море во правец на Охрид било и прашањето кому ќе му припадне манастирот “Свети Наум” – на Србија или на Албанија. Проблемот за “Свети Наум” се нашол на дневен ред на состанок на комисијата на 4 октомври, одржан во Битола. Основата врз која се воделе разговорите бил т.н. Лондонски протокол. Тоа бил документ што на предлог на Австро-Унгарија на 11 август бил прифатен од амбасадорите на големите сили на Конференцијата во Лондон. Во точка 2 од Лондонскиот протокол се вели дека “границата што е утврдена од приморјето на Охридското Езеро, што се протега од селото Лин до манастирот Свети Наум, чини интегрален дел на Албанија”. Тоа што во формулацијата стоело дека границата оди од Лин до манастирот “Свети Наум”, станало причина за долги спорови околу тоа дали ваквиот исказ значи дека манастирот и е доделен на Албанија или пак на Србија. Спорот околу ова прашање траел до почетокот на Првата светска војна. Во текот на Војната мирувал, а повторно се разгорел на Мировната конференција во Париз и продолжил уште неколку години потоа.

Учителот Санде Христовски од Бунарџик со своето одделение ,генерација родени 1945/46, сликани 1955 година

*4 октомври 1957г. Во Илинден беше прекина наставата во дотогашното основно училиште (кое се наоѓаше кај денешна амбуланта),наставата продолжи за прво и второ одделение во управната зграда на стопанството             Први мај, а трето и четврто одделение наставата ја посетуваа во Задружниот дом. Старата школска зграда која се наоѓаше кај што се наоѓа денес амбулантата започна да се  реновира и припрема за да се преуреди за амбуланта.

* 4 октомври 1937.- Во Скопје е основано спортското друштво Раднички (за време на НОВ на Македонија се викало ФК Слобода). По завршувањето на НОВ го носи името Работнички, а во првата декада на 21. век Работнички Кометал.

* 4 октомври 1941.- Во селото Чучер, Скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија. За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.

* 4 октомври1995.- Во Скопје умре Благоја Црвенков, првиот академски образовен актер во Македонија. Роден е во 1915 година.

* 4 октомври 1998.- Во Скопје е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Богородица“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука