Историјат на ООУ Гоце Делчев-Илинден

0
1470

*Во нашата средина прво училиште е отворено во Бунарџик во 1914 година,во кое учеле ученици од сите околни села ,наставата се изведувала на српски јазик , а прв учител бил Будилав Шошкиќ од Црна Гора.
Прво училиште кое е отворено во тогашно Белимбегово за прв пат, започнало да работи со настава на бугарски јазик , кое било отворено на 14 септември 1941 година, а со редовна работа започнало на 1 октомври 1941година.
Училиштето отворено во Илинден во 1941 година имало две училници, а било сместено во една куќа во сопственост на државата. Настава посетувале околу 60 деца распоредени во четири одделенија
Со одлука на Министерството за народна просвета на Бугарија, од 8.12.1941 година, за втор учител вос. Белимбегово била именувана учителката Велика Л. Петкова.
По војната за прв пат во Илинден започнала да се изведува настава на мајчин македонски јазик . Тогашното четиригодишно основно училиште,со работа започнало на 12 септември 1945 година со две комбинирани паралелки.
Први учители биле Марија и Михаил Мељникови, Михаил бил по потекло Русин, а Марија Велешанка. Првата училишна зграда се наоѓала на местото на денешната амбуланта, а училиштето го носело името „Гоце Делчев“ и било подрачно училиште на училиштето „Браќа Миладиновци“ во с.Миладиновци.
Првата генерација завршени четвртоодделенци од ова училиште излегла во учебнатга 1948-1949 година. Во 1950 годинаво училиштето се вработила тогаш младата учителка Анче Дејановска која целиот свој работрен век го поминала во ова училиште. Во ова училиште настава се одвивала сe до учебната 1957-1958 година, кога втората училишна зграда била пренаменета за амбуланта, а училиштето се преселило во зградата на Културниот дом (Задружен дом) кој започнал да се гради во времето на колективизацијата од 1950-1952 година. Горниот дел, спратот на Културниот дом, всушност било училиштето кое било со четири училници, убави и светли, со канцеларија за учителите и соби за нивно живеење и други помошни простории.Биле образувани 4 паралелки од прво до четврто одделение. Приредбите се одржувале во големата сала на Домот во која се одвивале и останатите културно-забавни активности на месното население.
На денешнава локација во 1962 година започнала да се гради нова училишна зграда) со четири училници и други помошни простории. (која потоа е надоградена-проширувана повеќе пати досега).Инаку пред да се отпочне неговата градба на ова место ,беше водена долга полемика помеѓу месното население од Илинден,Марино,Ајватовци и Бунарџик за тоа каде треба да се изгради осмолетката ,како што се нарекуваше тогаш.Едни ја застапуваа тезата дека школото треба да се изгради непосредно кај железничката станица Илинден ,а други на денешната локација.На крај се постигна согласност за градба на денешната локација. Во летото 1963 година сe уште недоизградената училишна зграда била онеспособена од силниот земјотрес што го погодил Скопје, поради што, натамошната доизградба била стопирана. Наредните две учебни години учеиците од прво до петто одделение настава посетувале во управната зграда на Земјоделското стопанство„Први Мај“.Во учебната 1964-1965 година наставата започнала во новата училишна зграда со 396 ученици од 1 до 7 одделение и 20 вработени. Една година подоцна прераснало во полно осумгодишно училиште.
Од 1978 година потоа училиштето станува ЦОУ „Гоце Делчев“ со две подрачни четиригодиши училишта во селата Бунарџик и во Кадино.
Од учебна 2007-2008 година во ЦОУ „Гоце Делчев“ настава во училиштето посетуваат само ученици од населените места Илинден и Марино. Училиштето работи во два објекта, едниот во Илинден, а другиот во Марино. Двата објекта се во непосредна близина и се наменски градени.
2018 година во училиштето
посетуваат 1017 ученика во 37 паралелки ,а наставата ја изведуваат 48 наставници.

Претходниот артикал,Училишниот персонал во ООУ“Гоце Делчев“ 1974/75 година
Следната статијаМесност Кули

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука