ЕМА АТАНАСОВСКА МЛАДА ПОЕТЕСА-УСПЕШНА ВО 2020 година.

0
230

И, покрај многу тешката 2020 година,нашата сограѓанка Ема Атанасовска  постигна големи резултати во нејзиното творештво, се стекна со многу  домашни и меѓународни дипломи и признанија од цел свет.

За Ема нема пречки и неа ништо не ја спречува за да ја постигне целта.

Како што таа вели ,,Желбата ми е поголема од стравот,а очекувањата се воодушевувачки”.

 Таа е добитник на многу Пофалници, Признанија, Сертификати и Дипломи.

 Активно учествува во литературни манифестации од Република Србија, нејзин текст беше објавен во антологија и добитник на сертификат со назив,Читам,пишувам и учам во време на корона”.

Исто така има сертификат од Индија каде се наоѓа нејзина песна ,,Свој/а” во една антологија-книга.

 Од територијата на Македонија, добитник е на сертификати од Универзитетот ,,Меѓународен Славјански” за тема ликовен и фото конкурс како и Ден на Психологија.

Исто така добитник е на Прва Награда кај познатата поетеса Милица Паулус тема за Божиќните празници.

Покрај тоа беше дел од една книга од Индонезија каде учествуваше со нејзина песна и беше уредник. Активно учествува и во хуманитарни настани како што се ,,Борба со ракот на дојка”, Стоп за насилство врз жената”, Права на човекот,World Aids Day, World Soil Day и други.

Добитник е и на награди и признанија од Шпанија, Русија,Италија, и Полска. А пред извесно  време ја освои Втората награда за нејзиниот расказ на тема ,,Чудата се околу нас”.

Таа вели за сиот нејзин успех дека е потребно мотивација и желба, останатото е лесно.

За нејзиното досегашно творештво таа има добиено голем број признанија и пофалби од многу  писатели со светско реноме, што  за неа преставува голем поттик за идно творење .

Претходниот артикал,Ученици фолклористи
Следната статијаСвадба на Даре и Стојана

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука