Вчера на изложбата во Домот на Културата „Илинден“љубителите на уметноста од Илинден , имаа можност да проследат многу интересни уметнички дела во кои застапени се повеќе уметнички стилови од разни области од: реализмот,надреализмот, македонскиот фолкор портрети, иконописи и фрескописи, мотиви од природните убавини и пејсажите, вајарството, резба и друго.
А, со свои дела се преставија уметниците: Зоран Трпевски, Виолета Арсовска, Славе Цацко Кочовски.,Снежана Колевска ,Маријан Ристовски, Ненад Божиновски, Аце Ѓорѓиевски , Тамара Ѓуроска, Блаже Донев и Боби Стевковски