Виолета Јовановска-Поет

0
193

 Виолета,ивее во населба Илинден, со уметност се занимава подолг период ,а со пишување се занимава од основно образование, но интензивно со пишување започна  пред неколку години. . Со нејзините дела таа за овие неколкугодини учествуваше  на повеќе поетски конкурси во повеќе земји од светот каде што  има добиено многу признанија благодарници, први и втори награди и сертификати  за литература, фотографија и уметност.

Нејзини први награди беа, благодарница од библиотеката „Центар за култура“ – Кладово од Република Србија, и сертификатот од Меѓународниот Славјански унервизитет, за ментор во ликовниот конкурс „ Омилената приказна од Александар С.Пушкин“. Исто така имам добиено диплома, повелба, признание, на литературните манифестации „Ако одам во Битола“ во 2022 година, наградата Златна ружа годинава. Втора награда за хаику поезија, дипломи за прво, второ и трето место кај дипломираниот поет и писател Милица Паулус. Признанија на меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“. Во 2021 година учествував, на четвртиот фестивал на поезија за деца „ Стихувалки “, овде освоив признание, а песната ја има во истоимената збирка. Исто така зедов учество и на конкурсот „Поетско маркукуле“ – Прилеп, во 2022/ 23 година. Песните и расказите ми се застапени во повеќе антологии, во кои земаа учество автори од нашата земја, Балканот и од други земји. Овде би ја издвоила книгата „1200 молитви “ посветена за Тоше Проески, во која зеде учество со 26 песни, во неа има застапено автори од многу земји, инаку финансиите од продажбата на оваа книга се за манастирот Свето Преображение во Крушево.

Со нејзиниот катрен учествуваше во збирката Hyperpoem под раководство на Alesksandar Kabishev од Русија, каде се застапени  1692 автори од повеќе земји, книгата е во продажба, и номинирана е за Гинисовата книга на рекорди

 За крај ќе додадеме и тоа , дека сега ја подготвува  во подготовка нејзината  прва збирка на поезија, која наскоро ќе излезе од печат.

Населба Илинден на Виолета и посакува успех во нејзиното творештво.

Претходниот артикал,Млади од Илинден околу 1970г.
Следната статијаДУРАНСКИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука