*Драган Роглев,Пеце Риклевски и Диме Пиличковски со една од првите комбајни oколу 1958-1960г.Комбајот беше во сопственост на Земјоделската Задруга „Македонија“,која на жалост не ја преживеа трансформацијата на стопанството на почеток на 90-те години.
Инаку, со појавата комбајна значително се олесни начинот на собирање на летнината ,со една операција се обавуваа сите жетварски работи како жнеење,вршење,веење ,сламата балирана итн . Но, комбајот не беше со задоволство прифатен кај поединци,oсобено тие кои имаа на располагање поголем број работно способни во семејството. Па, од тука произлегуваа ставовите на поединци ,зошто да плаќам комбај кога имам моја работна рака,што ќе прават да седат ,а јас да плаќам комбај ,па дека комбајот високо жнеел и многу слама останувала на нивата ,а им требала за прехрана на добитокот,дека со овој начин се губела плевата,која се користела за покривање на билото на копата слама итн.







































