НА ДЕНЕШЕН ДЕН 23 Ноември

0
116

* 23 ноември 1877 година во Крушево е роден Никола Карев, учител, војвода, социјалист и револуционерен деец на МРО. Бил учител во крушевското село Горно Дивјаци и во крушевската прогимназија. Учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес, во мај 1903 година, каде се искажал против одлуката за кревање на востание, сметајќи дека народот сè уште не бил доволно подготвен да се крене на востание.  Сепак, по одлуката за кревање на востание, Карев активно учествувал во подготовката и организацијата на востанието во својство на началник на Горскиот крушевски штаб. По ослободувањето на Крушево бил избран за претседател на Крушевската Република.

* 23 ноември 1890.- Големото војводство Луксембург се отцепи од Холаднија.

* 23 ноември 1904 година:… Од страна на турските власти близу Белимбегово убиени се Тодор Димков, Стефко Бејтовски, Велче Здравков и Спасе Николов.

* 23 ноември 1944.- Со акт на Президиумот на АСНОМ е формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

* 23 ноември 1937 година во Ниш бил роден Радован Павловски, истакнат македонски поет, есеист, патописец и публицист.

Павловски потекнува од гостиварското село Железна Река. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 – 1985), а во 1985 година се преселил во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на МАНУ и на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија.

За своето творештво, Павловски е добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“, на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесеттата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Меѓународниот биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени неговата биографија и библиографија.

Посебни поетски книги му се објавени на повеќе јазици: англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик. Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија.

Павловски починал на 22 февруари 2022 година во Скопје.

* 23 ноември 1988г.Во Скопје ,пред грчкиот конзулат се одржа првиот отворен народен протест против грчкиот шовинизам и негирање на Македонците.

* 23 ноември 1991.- Претседателството на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија зазеде став објектот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (познат како зграда на ЦК,Денешната зграда на владата на РМ) да го предаде на располагање на македонската држава.

* 23 ноември 1995.- Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери во Дејтонските преговори, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.

* 23 ноември 1995.- Советот за безбедност на ОН ги укина санкциите према СР Југославија.

Претходниот артикал,„РОГЛЕВИ“-Илинден
Следната статијаНастојници пречекуваат гости

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука