Оваа фотографија е од 70-те години од минатиот век, кога Населба Илинден (тогаш Белимбегово) нагло се зголемуваше ,а така речи сеуште ги немавме основните услови за живот . Немаше изградено патишта,водовод ,пошта-телефони,електрична енергија во новите маала ,па граѓаните сами мораа да се организираат учествувај ќи со физичка работа, машинерија, финансиски средства и друго.
На фотографијава се гледа како група граѓани го трасираат патот покрај игралиштето на ФК Илинден ,затоашто пред тоа ширината на „јурија“беше изшпартана со повеќе импровизирани патеки, некои поминуваа и низ фудбалското игралиште. Овој трасиран пат од жителите на тоа маало покасно стана постојна траса за денешната асфалтирана улица на тој потег.







































