Уметничко дело,масло на платно изработено од нашиот академски сликар Новица Трајковски.
Делото е одлика на македонката,столбот на семејството и општеството, со основни обележја на нејзината руба и секојдневната нејзина активност во домот.
Покрај вредната мајка-домаќинка македонка тука се гледа рачникот закачен на десниот колк обавезен дел од дотерувањето и за жените и за мажите,тестото,потоа лебот,или суканото со кое го храни семејството и од прибор сукалото и трпезата.










































