1.ПАЛЕЦ
Ако палецот е подолг од останатите прсти
Тоа значи дека сте полни со идеи и дека знаете да размислувате надвор од рамките. Многу сте креативни што значи дека ќе создадете иднина каква што ја замислувате. Ако вашиот палецот е помал од останатите прсти, вие сте господар на мултитаскингот!
Исклучително сте ефикасни и брзо ги завршувате обврските што ви дава време да ја испланирате иднината. Добри сте во преговарање што значи дека обично го добивате она што го сакате. Им се допаѓате на луѓето и затоа лесно ги убедувате да се сложат со вашето мислење.
2.ВТОР ПРСТ
Ако вашиот втор прст е подолг од останатите прсти, тоа значи дека сте добри во водење на луѓето
Вториот прст е поврзан со лидерски вештини, па колку е подолг, толку сте подобри во водење на луѓето. Имате силни уверувања и се заземате за она во што верувате. Снаодливи сте и енергични, што значи дека знаете да го извлечете најдоброто од секоја ситуација. Секогаш покажувате силна желба и иницијатива поради што сте успешни во кариерата која сте ја одбрале.
3.ТРЕТ ПРСТ
Ако вашиот трет прст е подолг од останатите прсти значи дека сте перфекционист
Вие сте склони на перфекционизам, многу сте снаодливи и динамични, па поради тоа сте одличен член на тимот кој брзо ќе нпредува во кариерата. Премногу се фокусирате на работата, па мора понекогаш да си дозволите одмор и уживање.
Ако вашиот трет прст е пократок од останатите прсти тоа значи дека сте мрзлив
4.ЧЕТВРТИ ПРСТ
Ако вашиот четврт прст е долг и прав значи дека знаете да слушате
Луѓето секојпат ви ги раскажуваат своите проблеми бидејќи знаете одлично да ги слушате. Семејството е најважната работа во вашиот живот и вашата иднина е тесно поврзана си нив. Вам не ви е многу потребно за да бидете среќни.
Ако вашиот четврт прст е пократок од останатите тоа значи дека сте насочени кон кариерата
5.МАЛ ПРСТ
Ако вашиот мал прст е премногу мал, тоа значи дека сте детинести
Ако можете да мрдате со малиот прст одвоено од останатите, тоа значи дека сте импулсивни
Ако не можете да го мрдате малиот прст одвоено од останатите, значи дека се’ планирате