Marjan Ristovski ,уметник-вајар
Тој е квалификуван металски работник и највероватно затоа, металот му е основа за изработка на уметничките дела-скулптури.
За изработка на уметничките дела користи(нерѓосувачки ) инокс метал и со неговите вредни и вешти раце и неговиот креативен ум, прави уметнички „чуда“од тој метал.
Тој e редовен учесник на традиционалните изложби што ги одржуваат уметниците кои живеат или потекнуваат од општина Илинден
И на неодамнешната групна изложба што се одржа во Домот на Култура –Илинден неговите уникатни дела предизвикаа особено внимание меѓу поситителите.
Ваквата изработка во уметноста припаѓа во уметничкиот стил Вајарство.
Инспирацијата за израбтка на уметничките дела пред се ја црпе од верската иконографија
Населба Илинден на Марјан му посакува успешно творештво!