-10 март 1943 98% од вкупното еврејско население 7.148 Евреи од Македонија(најмногу од Скопје, Битила,Штип)од бугарските власти биле уапсени,затворени во скопскиот Монопол (магацините на тутунскиот комбинат Скопје) од каде што со товарни вагони биле депортирани во концентрациониот логор Треблинка во Полска, каде сите биле убиени

-10 март 1872г. роден е Христо Матов– професор, револуционер и еден од идеолозите на Македонската Револуционерна Организација (МРО). Бил член на Централниот Комитет и задграничното претседателство на Организацијата, а по Илинденското востание е главен идеолог на Конзервативната струја и е водач на десницата во Организацијата.Почина на 10 феруари 1922г.

-10 март 1878.- Во селото Мачуково, Гевгелиско, е роден Леонид Јанков, македонски револуционер и војвода. Песната „Трба, трби гевгелиска“ е посветена на овој 27-годишен војвода. Во месноста Ѓуров Дол, кај селото Ѓавато, Гевгелиско, на 2 септември 1905 година, во борба против турската војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот куршум се самоуби

. 10 март 1923 г. биле стрелани во местноста Визбегово каj Скопjе од страна на српската власт македонскиот воjвода Арсо Jовев Локвички од село Локвица, Кичевско и неговиот другар Петар Ацев од село Теово, Велешко. Арсо Jовев учествувал во Илинденското востание во четата на воjводата Jордан Пиперката. По востанието бил назначен за воjвода во Поречието каде водел жестоки борби со четите на српската пропаганда. Смрта на Арсо Локвички, заедно со онаа на Љубомир Весов и Илија Дигалов е најголемата загуба на ВМРО во Западна Македонија до 1924 година.
-10 март 1953.- Во Скопје излезе првиот број на весникот “Просветен работник”, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија.

-10 март 1965.- Во Скопје умре Стале Попов, македонски писател. Богословија заврши во Битола, а Теолошки факултет во Белград. Немаше постојана професија. Беше селски чувар, тутунски работник во прилепскиот монопол, службеник во Собранието во Белград, претседател на Околискиот народен одбор во Прилеп, управник на шумска дирекција и професор по македонски јазик. Литературната афирмација ја започна по ослободувањето на земјата. Во 1953 година го објави романот “Крпен живот”, а потоа и романите “Толе Паша”, “Калеш Анѓа” и “Дилбер Стана”. Исто така, познати се и неговите повести “Опасна печалба” и “Мариовски панаѓур”. Роден е во селото Мелница, Мариовско, на 25 мај 1902 година.
-10 март 1985.- Во Битола умре Ацо Стефановски, доајен на Народниот театар во Битола и пионер на македонската театарска и филмска уметност. Роден е во Битола, на 10 декември 1922 година.
-10 март 1987.- Во Скопје умре Спасе Чучик, истакнат македонски просветно-педагошки работник, општественик и учесник во НОВ на Македонија. Тој е еден од првите просветни работници во слободна Македонија кои го понесоа товарот и одговорноста на мошне сложената и тешка општествена и просветителска задача и пристапија кон остварувањето на воспитно-образовната дејност на македонскиот јазик. Особено е значаен неговиот придонес, заедно со други автори, во издавањето на првиот македонски буквар во 1945 година. Роден е во Дебар, во 1907 година.

-10 март 1992.- Наместо терминот “милиција”, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува терминот “полиција”.
-10 март 1995.- Полковник Станоја Богев е промовиран за прв генерал на полицијата на Република Македонија.