НА ДЕНЕШЕН ДЕН-12 ЈУЛИ

0
301

*12 јули 2012 година во Миладиновци пред голем број на жители и гости во дворот на црквата се одржа „жетварска вечер“.На оваа приредба  покрај музика и фолклор беа изведени и жетварски обичаи што се практикувале во минатото, при собирање на летнината ,односно житото.

*12 јули 1872г. роден е Борис Сарафов ,македонски револуционер, раководител и војвода. Бил водач на Врховниот Македонски Комитет (ВМК), а после го напушта и станува еден од водачите на Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација. Во текот на Илинденското востание е член на Главниот штаб на Битолскиот револуционерен округ, заедно со Даме Груев и Атанас Лозанчев.

*12 јули 1920.- Панамскиот канал и официјално е отворен, шест години откако по него помина првиот брод.

*12 jули 1939 година во Софиjа ,почина Георги Богданов,македонски ревулуционер,член на солунските атентатори-гемиџии. Основното образование го завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во оваа гимназија се запознава со анархистичките идеи на Гемиџиите и станува дел од нив.Како деец на Гемиџиите учествува во Солунските атентати и на 29 април (нов стил) фрла бомба пред кафеаната Ноја. Уапсен е следниот ден. На судењето кажал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите дејци. Од специјален воен суд Богданов, заедно со Павел Шатев, Марко Бошнаков и Милан Арсов е осуден на смрт. Казната ја чекал во солунскиот затвор заедно со останатите атентатори, но таа им била преиначена во доживотен затвор и заедно со останатите преживеани гемиџии во 1905 година бил испратен на Фезан во Африка.По Младотурската револуција бил помилуван и заедно со Павел Шатев се вратил во Македонија.Во 1914 година Богданов влегол во Комитетот на дезеретерите кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.

*12 јули 1992.- Во Скопје, и во сите места каде што живеат Македонци, се одржа Светски семакедонски протестен митинг под мотото „Да, Република Македонија, да“, а против Декларацијата на Европската заедница од 27 јуни 1992 година, со која се бараше Република Македонија да го промени името, односно да не го содржи зборот Македонија.

*12 јули 1993.- Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.

*12 јули 1996.- Република Македонија и Авганистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

*12 јули 1996.- Република Македонија и Суверениот Воен Ред на Малта воспоставија дипломатски односи.

*12 јули 2001 година починал Јован Котески,македонски поет кој припаѓа на третата генерација на македонски автори.. Во периодот на 50-тите, 60-тите и 70-тите години од дваесетиот век тој објавил голем број збирки песни, а во периодот 1981 и 1982 години бил Претседател на меѓународниот фестивал за поезија „Струшките вечери на поезијата“. Во 1985 година ја објавил збирката песни „Тапија“, а истата година бил уапсен, затворен и осуден на петгодишна затворска казна. Обвинувањето го товарело за тајно работење на уривањето на Југословенската Федерација и за создавање на независна македонска држава со што припаѓа на последната група политички затвореници-интелектуалци во поранешната Југословенска федерација. Во 1987 година бил ослободен со залагање на хрватскиот писател и философ, Предраг Матвеевиќ, кој во својство на тогашен Потпретседател на Меѓународната асоцијација на ПЕН центарот со седиште во Њујорк организирал петиција со потписи на познати светски писатели до тогашното Претседателство на СФРЈ. Починал во 2001 година во Скопје, а постхумно му е доделена наградата „Климент Охридски“.

Претходниот артикал,Фотографија пред изградбата на инустриската зона „Скопје“- 2
Следната статијаЖетварска вечер – Миладиновци -2012

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука