*13 ноември 1944г. е ден на ослободувањето на Скопје. Во ослободувањето на Скопје учествуваат Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесеттата македонска бригада, 50-тата дивизија и 8-та бригада, ги започнаа нападите со извесно задоцнување. Претпладнето на 12 ноември тие отпочнаа со нападите на германската одбрана на источниот дел од градот. 16-тата бригада која успеа да разбие неколку балистички групи, што ја напаѓаа при нејзиното спуштање од Скопска Црна Гора, на 12 ноември попладне, го отпочна нападот на касарните. Така обрачот се` повеќе се стеснувал околу германските сили. додека градот го бранеа единиците на 22-та гренадирска германска дивизија (47-иот и 65-тиот полк) и делови од 11-тата воздухопловна десантна дивизија и други групи од разни единици.
Пред Качаничката Клисура беше распоредена германската тврдинска бригада „Ангермилер“. Се проценува дека јачината на германските единици во Скопје биле сили на повеќе од една дивизија. Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Четириесет и втората дивизија на НОВ на Македонија, во содејство со Шеснаесеттата македонска бригада на Кумановската дивизија на НОВ на Македонија и со помош на вооруженото население, го слободија Скопје и со брзо дејство го спречија уривањето на мостовите на реката Вардар и на хидроцентралата „Матка“.
*13 ноември 1984 г. Месната Заедница „Илинден“-населба Илинден беше одликувана со 13 ноемвриската награда на Град Скопје,за активностите што ги покажа во изминатиот период.
* 13 ноември1882.- Во Кавадарци е роден македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов. Беше борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев, делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО-1903 година, учесник во Илинденското востание-1903 година, учесник на Прилепскиот подвижен конгрес на ТМОРО-1904 година, на Рилскиот конгрес на ТМОРО-1905 година, член на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство. Подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година
* 13 ноември 1904.- Во селото Зеленич, Леринско, за време на свадбата на свештеникот Ѓорѓи, 60-70 грчки андарти го нападнаа селото и убија 13 мажи, жени и деца, само затоа што жителите се откажаа од јурисдикцијата на Цариградската патријаршија и ја прифатија Егзархијата. Овој масакар, познат како „Зеленичка крвава свадба“, е едно од најголемите злосторства на грчките андарти во Македонија.
* 13 ноември 1915.- Во Бакар, Хрватска, е роден Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитира со ликот на Ескамилио во “Кармен”, а последен пат на сцената настапи како Амонасро во “Аида”. Умре во Скопје, на 17 јануари 1986 година.
*13 НОЕМВРИ 1944 година германците при повлекување не им
успева целосно минираната железничка станица Скопје да ја дигнат во воздух,
падна само средишниот дел.
Некаква иронија е снајде железничката станица
Скопје по 19 години кога се урна скоро истиот дел.
* 13 ноември 1971.- Во Скопје, на Кале, е отворена новата зграда на Музејот на современа уметност, подарок од Владата на Полска во рамките на солидарната меѓународна помош по земјотресот во Скопје, во 1963 година.
* 13 ноември 1981г.,отворен е Скопскиот железнички јазол,при што беше предаден во употреба новиот транспортен центар.
* 13 ноември 2001.- На патот Прилеп – Велес, кај месноста Каменолом, во сообраќајна несреќа загина Ѓорѓи Котевски, пратеник во Собранието на Република Македонија, новинар и писател. Роден е во селото Логоварди, Битолско, на 24 февруари 1950 година.
*13 Ноември 1991г. фудбалската репрезентација на Југославија го одигра својот последен официјален натпревар. Во последното коло од квалификациите за Европското првенство во Шведска, Југославија во Виена славеше со 2:0 и математички го обезбеди пласманот на континенталното натпреварување. Сепак, поради санкциите кои следеа поради војната во земјата на репрезентацијата и беше забранет настапот на Европското првенство, а нејзиното место го зазеде Данска која подоцна сосема неочекувано стана европски првак. За селекцијата предводена од Ивица Осим од првата минута на тој натпревар настапи и нашиот Дарко Панчев, додека Илија Најдоски беше на клупата за резервни фудбалери. Интересен е фактот што селекцијата на Австрија и во претходниот циклус на квалификации (СП Италија, 1990) го одигра последниот натпревар со држава која престана да постои, Источна Германија.
* 13 ноември 1993.- Ден на Македонското друштво на ортопеди и травматолози.
* 13 ноември 1996.- Во Битола умре Михајло Џима, македонски новинар. Роден е во Битола, во 1938 година.
* 13 ноември 1997.- Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.