*24 август 2017 Ф.К.ВАРДАР НАПРАВИ ИСТОРИЈА! Скапите ѕвезди на Фенербахче на колена!Македонскиот шампион Вардар направи историја за македонскиот фудбал. Во реванш дуелот против Фенербахче од плеј-оф фазата за пласман во групите на Лига Европа, црвено-црните во Истамбул го ставија турскиот тим на колена и победија со 1:2.

ПРВА МАКЕДОНСКА ЕКИПА КОЈА СЕ ПЛАСИРА ВО ЕДНА ГРУПНА ФАЗА ВО ФУДБАЛСКА ЕВРОПА!!!!!

* 24 август 1899,во Куманово починала Екатерина Симитчиева ,деец на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација и борец за црковна независност во Македонија.Екатерина завршува Солунска егзархиска женска гимназија, по што заминува за Куманово и таму станува учителка во егзархиското училиште, каде основа женско друштво. Се мажи за Авксенти Георгиев – син на богат и влијателен човек од градот. На годишнината на училиштето пред турскиот валија наместо дадената стихотворба таа изрекува бунтовни зборови. Привлечена е во ВМОРО од Ѓорче Петров и станува курир и патува низ селата, во Штип се среќава со Даме Груев.Ранета е во родниот град при борба со турски војници сакајќи да одбрани имот на кој требало да се гради српска црква

* 24 август 1964 ,родена е Сузана Спасовска фолк пејачка која од 80те години на 20 век ја негува македонската песна и има снимено над 15 самостојни аудио и dvd изданија, многу видео записи со врвен квалитет, музички антологии, самостојни концерти и фестивали. Нарекувана е „Сузе Национале“, „златното грло“, „славејот македонски“. Позната е по своите уникатни настапи и кореографии.
*24 август 1572.- Во ноќта, токму на празникот Свети Вартоломеј, во Париз и во цела Франција почна невидениот колеж на хугенотите, оној дел од населението кој го прифати протестантизмот. Се смета дека до септември се убиени повеќе од 25.000 луѓе. Иницијатор на „крвавиот пир“ – „Вартоломејска ноќ“ – беше Катерина Медичи, мајка на францускиот крал Шарл Деветти. Папата Гргур Осми по повод колежот во Франција даде налог да се искова медал, прогласувајќи ја одмаздата над хугентотите за „света војна на една вера“

* 24 август 1907 починал Иван Наумов –Алабакот,македонски револуционер, еден од дред во Илинденското востание, учествувал во ослободувањето на Крушево во 1903 година. По востанието дејствувал со чета во Велешко, Крушевско, Прилепско, Кичевско и Поречието. Во 1907 година учествувал во познатата битка на Ножот.
*24 август 1912.- Алјаска е официјално прогласена за американска територија.

*24 август 1930.- Во Прилеп е роден Ордан Петлески, хрватски и македонски сликар и графичар. Најдолго време живееше во Загреб, но сепак изврши одредено влијание врз некои македонски сликари. Од делата познати се „Македонско село“, „Изгорување“, „Морбидни облици“, „Праоблици“, „Пергамена“, „Магична ира“, „Цутење“ и други. Умре во Загреб, на 22 јануари 1997 година.
*24 август 1976.- Двајца советски космонаути се спуштија на Земјата после 48 дена поминати во нејзината орбита. За време на престојот во специјалната вселенска лабораторија изведоа низа испитувања.










































