На денешен ден-30 јуни

0
567

*30 Јуни 1949 на Грамос е извршен геноцидот на Македонците во Егејска Македонија.     На многумина никогаш не им било јасно зошто во Костур до 2007 година се наоѓала статуа на американскиот генерал Џејмс Ван Флит. Но на фотографијата подоле можете да го забележите американскиот генерал Џејмс Ван Флит  Тој уште од 1946 соработува со десницата во Грција заедно со уште 250 американски советници.

*30 јуни 1859.- На ортома растегната над Нијагарините водопади Чарлс Блондин, пред 25.000 гле дачи, мина од САД во Канада.

*30 јуни 1908 година, мистериозно се случи огромна експлозија во Тунгузија (област во рускиот Сибир, на северозапад од Бајкалското Езеро). Експлозијата беше страшно моќна, 1000 пати посилна од атомската бомба во Хирошима. Притоа биле уништени 2000km² шума од сибирската тајга, кои биле налегнати на иста страна од силата на ударот. Официјалната наука смета дека станува збор за удар на комета, која експлодирала уште во воздухот, па затоа нема кратер од падот.Но постојат и други објаснувања .

*30 јуни 1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почна Втората балканска војна, што заврши со мирот склучен во Букурешт, на 10 август 1913 година.

*30 јуни 1945.- Владата на Македонија донесе Уредба за формирање Федерално автомобилско претпријатие (ФАП).

*30 јуни 1949.- Во Скопје е изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски.

 30 јуни 1993.- Битолскиот универзитет го доби името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост “Свети Климент Охридски”.                           

Претходниот артикал,УСПЕШЕН РАЗВОЈ НА ЕДНА ОД ПРВИТЕ ПРИВАТНИ КОМПАНИИ ВО ИЛИНДЕН,СА-ТРА.
Следната статијаРакометарките на РК Илинден,го освоија турнирот во Бања Лука.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука