На денешен ден-5 октомври

0
262

* 5 октомври 2007.- На Градскиот стадион во Скопје  се одржа најголемиот хуманитарен концерт на Тоше Проески, кој само 11 дена подоцна загина во сообраќајна несреќа, која се случи на 16 октомври, на автопатот кај Нова Градишка (Хрватска).  Во чест на македонскиот легендарен пејач Тоше Проески, Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево, кон крајот на септември 2009 година, одлучи хуманитарен меѓународен концерт под наслов „Те сакаме сите Тоше“ традицијонално да се одржува  на денот на неговиот роденден, 25 јануари.

БУЈКОВЦИ

* 5 октомври 1910 г.Во с. БУЈКОВЦИ дошла Турска потера ,биле собрани селаните, од кои се барало да ги кажат извршителите на атентатот на железничката линија.Од селаните кои жестоко биле тепани во ова село биле: Ѓуро Стојанов и син му Васил, Тодор Ране,Коле Јованов и брат му Спасо, Дими Митрев-Мух-тар, Велко Стојчев, Наум Петков, Трајко Колев и Атанас Јованов. Потоа војниците ги собрале со себе селаните: Ѓуро Стојанов, Коле Јованов, брат му Спасо, Диме Митрев, Велко Стојчев и Тодор Ванев, и откако ги натовариле на коњи, бидејќи не можеле да стојат на нозе, ги однеле во градот и ги затвориле.

*5 октомври 333г.пред нашата ера,Александар Македонски со 7000 војници ,ги победил Персијанците со 20.000 борци ,во битката кај ИСТ-Персија.Персискиот Цар Дариј III по поразот го напуштил бојното поле ,а  Александар ја совладал последната препрека на походот кон Индија.

*5 октомври 1582.- Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур XII изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година.

*5 октомври 1903 година опколен од турскиот аскер по 11 часовна борба се самоубива во с.Брезово мокедонскиот револуционер Димитар Матлиев. Роден е 1875 година во Охрид. Се школувал во риодниот град а потоа во Софија, каде завршил гимназија. По школувањето бил учител во с.Зашле, Битолско. Во април 1902 година се вклучил во четата на Ј.Пиперката. Заедно со војводата Ј.Пиперката бил претставник на Демирхисарската револуционерна околија на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание учествувал како началник на голем четнички одред, водејќи повеќе борби со турскиот аскер и башибозук. По востанието предводел чета во Битолско.

* 5 октомври 1908.- Во Кавадарци е роден Александар Ленин, македонски етномузиколог, прв доктор по музички науки во Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Народни музички инструменти во Македонија“, „Македонски инструментални орски мелодии“, „Македонска народна поетска уметност“ и други дела. Умре во Скопје, на 13 август 1998 година.

* 5 Октомври  1927 година во Штип, е ликвидиран српскиот генерал Михајло Ковачевиќ, кој бил дел од здружението за борба против четите и членовите на ВМРО и организацијата. Во него од пиштол стрелала тројката атентатори Благој Кралев, Илија Лилинков и Ипократ Развигоров.

* 5 октомври 1986.- Во Охрид е извршено устоличувањето на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев).

* 5-октомври 1993.- Република Македонија и Република Грција првпат во историјата воспоставија директна телекомуникациска врска.

* 5 октомври 1995.- Собранието на Република Македонија со 110 гласови “за” и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. Со ова се замени готогашното 16-крако знаме ,со ново кое  има сонце со осум жолто-златни радијални зраци што се шират на сите страни и осум црвени зраци кои се поле на знамето. Идејниот цртеж врз кој е направена компјутерска апликација е на Спасе Шуплиновски.

Претходниот артикал,ХОТЕЛ БЕЛВИ
Следната статијаНАЦИОНАЛЕН ПАРК ПЕЛИСТЕР

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука