НА ДЕНЕШЕН ДЕН-17 АПРИЛ .

0
117

-17 април 1912г роден е Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил (вистинско име Ѓорѓи Милошев— третиот архиепископ по возобновувањето на Македонската православна црква.


– 17 април 1898, Ќустендил) — погинал Илија Марков, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода македонски ајдутски и востанички војвода. Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред. Роден е на 28 мај 1822, Берово

 -17 април 1903 ,починал Јордан Поп Јорданов – Орцето — македонски револуционер,  помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов .Бил член на илегалниот терористички кружок Гемиџии кој кон крајот на април 1903година ги извршил познатите Солунски атентати врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти. Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Тој е еден од поистакнатите членови на Гемиџиите, а подоцна и негов водач. На 29 април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“

-17 април 1877 ,роден е Коце Ципушев — македонски револуционер.

– 17 април 1911 г.Во Кавадарци несреќно е убиен народниот јунак и револуционер од времето на илинденскиот и поилинденскиот период Лазо Ридов Асијата. Роден е во Кавадарци во 1885 г. во занаетчиско семејство. Уште од мали години го изучува занаетот на неговиот татко, самарџискиот. На само 17 годишна возраст се обидел да стане борец во четата на војводата Петар Јуруков, но би одбиен поради неговата младост. Во 1902 г. Заедно со двајца другари извршуваат убиство врз еден катил Турчин, поради што се илегализираат и се вклучуваат во четата на Јуруков. Во 1904 г. Лазо е веќе член на четата на војводата Добри Даскалов и учествува во многу борби, а во борбата во с. Ресава во јули 1905 г. Бил тешко ранет по што бил приморан да се лекува извесно време. Бил многу храбар борец иако најмлад бил пример како треба да се бори за слободата на својата земја. За време на Младотурската револуција , а особено по контрареволуцијата на султанот Хамид предводи една чета кавадарчани и помага за задушување на контрареволуционерите. Лазо Асијата важи за голем заштитник на незаштитеното население од турските зулумќари и насилници. Лазо Ридов Асијата несреќно загина од раката на својот најдобар другар на веридбата на нивниот другар Мишо Шкартов на 17 април 1911 година..

-17 април 1941 Кралството Југославија капитулира пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.

17 април 1955 година во Струмица е роден Васил Рингов, еден од најдобрите македонски фудбалери. Својата професионална сениорска кариера ја започна во 1973 година бранејќи ги боите на Fudbalski klub Partizan. По две сезони во Белград преминува во ФК Тетекс каде исто така игра две сезони. Најголем дел од својата кариера ја поминува во FK Vardar каде одигрува повеќе од 200 натпревари и постигнува речиси 100 голови. Покрај во овие екипи, има настапувано за загребски Динамо и Ајнтрахт Брауншвајг.

-17 април 1992.- Во Скопје, претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров ја откри новата натпис-плоча на Домот на Армијата на која пишува “Република Македонија, Дом на Армијата – Скопје”. Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и нејзиното воено осамостојување.

-17 април 1993.- Во Анкара умре Тургут Озал, осми по ред турски претседател. За време на неговото претседателствување, Република Турција ја призна Република Македонија.

-17 април 2004. Во Скопје почина најмладиот народен херој во  некогашна Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), ФАНА КОЧОВСКА-ЦВЕТКОВИЌ. Родена била во селото Лавци, Битолско, на 27 јули 1927 година. Со неполни петнаесет години во 1941 г. била активен припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење, односно била младинска активистка и член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ. Од крајот на 1941 година преминала во илегалство. Била борец во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“. Учествувала во славниот Февруарски поход. По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори вршела високи општествени и државни функции.  Била носител на Партизанска споменица 1941, а прогласена за народен херој на Југославија била на 11 октомври 1953 година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -16-АПРИЛ
Следната статијаНаце Петрушевски 98г.-Бучинци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука