БРАНКО АНГЕЛОВСКИ-МУТО,долгогодишен стандарден голман на ФК Илинден во седумдесетите години на минатиот век.Појаснување за помладиве генерации ,надимакот МУТО го доби по еден од најуспешните голмани – и државен репрезентативец што го имал Вардар и Македонија ,Мутибариќ -МУТО.Бранко со својот стил на бранење многу потсетуваше на него и затоа публиката го нарекуваше со тој надимак.Тој потекнува од староседелскиот род Дончевци ,од која произлегле многу спортисти -фудбалери , тој покрај неговите чичковци Аце и Киро е трет по ред голман што произлегол од таа фамилија.