Лазе Благојевски-фудбалер

0
159
ЛАЗЕ БЛАГОЈЕВСКИ –ПОРАНЕШЕН ФУДБАЛЕР
Роден во Скопје ,живее во Мралино-Илинден.
Со фудбал започна да се занимава од неговата 10 годишна возраст,а негов матичен клуб му е ФК Вардар –Скопје,каде започна со фудбал во неговата младинска школа.
Во ФК Вардар започна во 1979 година ,а остана до 1986 година .
Од 1987година стана член на ФК Борец од Велес,кој во тоа време се натпреваруваше во третата југословенска лига.
По отслужувањето на воениот рок во 1990 година ,стана член на ФК Илинден, каде остана се до 1995 година ,ово е најуспешниот период на ФК Илинден ,кога се натпреваруваше во трета македонска лига.
Во 1996 година своите фудбалски квалитети Лазе имаше прилика да ги покаже во бугарскиот првплигаш Левски-Софија .
По краткиот престој во Левски –Софија ,веќе од наредната 1997 година Лазе стана член на ФК Балкан –Скопје, кој се натпреваруваше во прва македонска лига.
Во ФК Балкан-Скопје , Лазе се задржа до 1999 година.
Во 2000 година Лазе повторно се враќа во неговиот омилен клуб ФК Илинден ,каде остана се до 2008 година.
Во 2008 година неговата кариера Лазе ја продолжува во ФК Кадино ,кога клубот се натпреваруваше во трета македонска лига .
Својата богата и успешна кариера Лазе ја заврши во ФК Кадино во 2014 година.
Лазе Богојевски играше како навален играч ,односно повеќе како градител на играта,со одлика на лесно ослободување од противничкиот играч и јаки и прецизни удари.
Слободно може да го прогласиме за еден од подобрите фудбалери што произлегле од нашава средина.

 

Претходниот артикал,Зоран Мирковски-Гаро-фудбал
Следната статијаДејан Десниќ-фудбал

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука