Роден е на осми декември 2008 година. Уште како помал ималмногу љубов кон спортот особено кон боречките вештини. Уште во основно одделение поттикнат од неговите професори пробал повеќе спортови како што се ракомет, фудбал, кошарка и многу други. Но, во ниеден групен спорт не успеал да се пронајде себеси . Тогаш дознал за клубот во кој сеуште тренира “Hulk Academy”. Таму со помош на неговиот тренер Филип Анастасовски во 2022 година почнал да ги изучува и вежба техниките и вештините на кикбокс и таеквондо.
Првиот турнир во таеквондо на кој што учествувал“Prestige cup” беше одржан на во април 2023 година во Крагуевац, Србија. На тој турнир имал три борби каде што ги совладал противниците и се здоби со два златни медали. Овие медали беа поттик и мотив да биде поупорен и похрабар за да ја оствари неговата цел и сон да стане првак на Македонија.
Во 2023година, неговиот клуб се збогати со две нови дисциплини ММА и џуи џица.
Тука под водство на тренерот Филип, по многу напорни тренинзи настапил на турнирот “Skopje Open” на единаесети ноември 2023 година. На овој турнир Никола освои второ место во дисциплината џуи џица. Тоа му даде само поголем мотив да продолжи да се бори за неговиот сон. На втори декември тој неговиот клуб настапиа на таеквондо турнирот EX-YU Open 2023 во Белград, Србија со повеќе категории. Таму Никоа доминираше во борбата до 73 кг. , каде со технички нокаут ја продолжив низата на златни медали.
На 10-ти февруари и покрај повредата на турнирот Fenix open во Ниш, каде го освои трето место на Србија. И конечно стигнавме до триесети март 2024 година, за него ден за паметење, кога се одржа државното првенство по џуи џица во Скопје, турнир кој што со нетрпение го очекуваше . На ова првенство тој имаше две борби со искусни противници но успеа да се справи со нив и да дојде до посакуваната цел, да стане шампион на Македонија.
На 27.04.2024 година по втор пат учествуваше на Prestige Cup во Крагуевац, каде повторно се закити со два златни медали.
По овие успеси беше забележан од општина Илинден и ми беше доделена финансиска поддршка, за што искажува голема благодарност до Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски. Оваа помош беше додатен мотив да продолжи со истиот континуитет
. Следна цел му е да настапи во светското првенство во џуи џица во Грција, со надеж дека иод таму ке се врати со злато.