САРА РИСТОВСКА–РАКОМЕТ
Потекнува од населено место Бунарџик о.Илинден ,од изразито спортска фамилија од која во разни спортови досега произлегле десетина спортисти ,а неколку од нив го носеле и репрезентативниот дрес на Македонија,а меѓу нив е и Сара.
Од нашата средина веќе имавме една ракометна ѕвезда која долги години блескаше на ракометното небо,беше столб на многу ракометни екипи и Македонската ракометна репрезентација ,тоа беше нашата Валентина Радуловиќ.
Сара Ристовска со квалитетите што ги поседува се надеваме дека ќе го достигне, тоа што го постигна нашата спортска легенда, Валентина Радуловиќ,а се надеваме дека и таа ќе ни се придружи , ако на Сара и посакаме дури и да го надмине тоа што го постигна таа.
Сара Ристовска потекнува од ракометната школа на Кастратовиќ, но својата зрелост ја достигна во Металург, каде ги даде своите најдобри партии.
Сара , според многумина денес е една од најдобрите македонски ракометарки .
Сара Ристовска е сениорска репрезентативка на Македонија и капитен на младинската репрезентација, која оваа година забележа огромен напредок, пласирајќи се на Европското првенство во Валенсија, со три победи од три меча во квалификациите
Неодамна таа ја смени клубската средина и од ЖРК Металург се префрли во македонскиот шампион ЖРК Вардар.
Со трансферот во Вардар ,каде има многу искусни играчи младата Сара(19г.)ќе има шанси и да напредува и да постигне уште поголеми резултати.
Сара Ристовска во дресот на Вардар дебитираше на контролните средби со Данската репрезентација, на двата натпревари кои неодамна се одиграа во Скопје. На првиот натпревар доби мала минутажа, па затоа не успеа да се запише во листата на стрелците. Додека пак на вториот натпревар успеа да постигне три погодоци, и со самото тоа да најави декаа оваа сезона ќе биде од голема корист за вардаровиот тим.
Инаку , на двата натпревари против Данска, вардарките издвојуваа победа.
Сара , е стандарден член на ракометната репрезентација на Македонија.








































