*Родена е во Скопје , живее во населба Илинден. .
Основно образование заврши во ОУ “Стив Наумов” во Автокоманда. Од најмала возраст покажуваше интерес за повеке спортови, но со тек на време како растеше сфати дека спортот за кој што знае дека ке успее е ракометот.Инаку со ракомет се занимава од својата 8 годишна возраст.Првите чекори на терен ги направи во спортската сала во Автокоманда во клубот Металург.
Од 12 години настапува за школски натпревари каде постигна одлични резултати.Поради ракометот одбра да учи во спортската гимназија Методи Митевски Брицо каде што и таму се натпреваруваше и постигна одлични резултати.Учествуваше на повеке домашни и меѓународни првенства со клубот.Нејзината игра беше забележана од ракометните стручни лица и Васка беше повикана и стана член на кадетската и на младинската репрезентација на Македонија.И во репрезентативниот дрес Васка пружа одлични игри и се издвојува како најдобар стрелец против репрезентацијата на Молдавија за квалификации за ЕП кое ке се одржи во Словенија во периодот од 26.07-06.08.2017год.
Со нејзиниот тим Металург се младински прваци на Македонија во младинска категорија и се надеваме на уште поголеми успеси и позитивни резултати во Македонското и Европското првенство.
Васе Глигорјадис неколку сезони настапува за КК Куманово,е веќе оформен карактер и препознатлив стил на игра, борбеност, прецизност и брзина, снаодлива на повеќе позиции како играч, лесно препознатлива во поголемиот дел од публиката и фановите.
Таа потпиша втор професиинален договор за КК Куманово и со кој постигна многу победи и успеси во тимот.
Сигурно и нашата Васе има заслуги за тоа што ЖРК Куманово е најдобар клуб во Македонија и овогодишен освојувач на купот на Македонија.
На европското првенство пред две години Васе беше прогласена за најдобро десно крило во на првенството.
Моментално за Васе Глигорјадис се интересираат повеќе клубови, а понудите пред се доаѓат од клубови од Грција, Словенија, Хрватска и Србија
Меѓутоа сеуште не сака да игра за други странски клубови, бидејки е македонка и сака да успее и придонесе за нашата држава Македонија.
Васка настапува на крилна позиција –десно крило ,нашиот сограѓанин и државен репрезентативец Goce Georgievski е нејзин идол.
Населба Илинден на Васка и посакува успешна ракометна кариера!