ХРИСТИЈАН МИЛЕНКОВСКИ –ФУДБАЛЕР
Христијан Миленковски ,роден е на 7 април 2001 год.во Скопје,жител на с.Марино-Илинден ,основно училиште учеше во ООУ„Гоце Делчев“во Илинден,денес ученик во средното училиште “СОСУ ИЛИНДЕН” во населба Илинден.Со фудбал започна да се занимава од своите 6 години во 2008г.започна да тренира во екипата на Ф.К.Илинден,каде се задржа до 2011г.Првите фудбалски чекори ги направи под будното око на тренерот Саше Рајатоски. Од 2011 до 2014 год. тренираше во екипата на Ф.К.Марино кој беше капитен цели 2 години и го носеше бројот 5.На таа возраст тој играше штопер,позиција која му ја одреди неговиот тренерот Виктор Кравченко. Во 2014тата година Христијан премина во екипата на Ф.К. Маџари Солидарност и играше на позицијата задни везни,тој беше капитен на генерацијата 2001г. Пом.Пионери,го носеше бројот 10 и настапуваше на неколку натпревари со генерацијата на 2000г, Пионери.Христијан во таа полусезона имаше 22 асистенции и 10 погодоци на 20 натпревари. По завршувањето на сезоната Христијан учествуваше на меѓународниот турнир во Дижон,Франција во футсал заедно со генерацијата на 2000г.Пионери.Тој на турнирот во Франција постигна 2 погодоци и 3 асистенции во екипата на Македонија,иако беше помал една година од таа генерација.Во тој турнир учествуваа екипи од повеќе држави како што се Хрватска,Мароко,Франција. Во 2016г Христијан премина во екипата на Ф.К Скопје 2001г. и остана на истата позиција задни везен.Настапува и на неколку натпревари со генерацијата на 2000 кој тренери му се Христијан Стојановски и Зоран Дангев. Тренерот е задоволен од неговото однесување на терен и неговата игра.Оваа сезона Христијан има постигнато 10 погодоци и 17 асистенции.Во оваа екипа на Ф.К Скопје,Христијан е задоволен од играта на екипата (се разбира може и подобро).Христијан и останатите играчи на екипата Ф.К Скопје се многу благодарни на тренерите Стојановски и Дангев со тоа што генерацијата на 2001г.пом Пионери на полусезоната завршија со 3то место на табелата.
На Христијан му посакуваме успешна фудбалска кариера!










































