ИНТЕНЗИВНИ ПРИПРЕМИ НА Ф.К.КАДИНО.

0
1021

Одморот за фудбалерите на Ф К Кадино заврши, од почетокот на месецов ФК„Кадино “интензивно работи на темпирање на формата за настапот во Втората лига Запад.

Стручниот штаб на чело со  легендата на Вардар, искусниот стратег Борче Мицевски ,кој исто така потекнува од нашава средина, спроведува  припреми за успешна второлигашка конкуренција.

Дејан Десник ,поранешен фудбалер на ФК Кадино и други клубови,e помошник на тренерот Мицевски .

Во сезоната во која клубот ја слави јубилејната 50. годишнина од  своето постоење, влегува со големи амбиции.

За успешно натпреварување во втората лига покрај стручниот штаб клубот ангажира повеќе проверени и квалитетни играчи,и притоа се надева дека ќе оствари висок пласман на табелата сезонава.

Клубот на 27 јули по повод Илинден, националниот празник, кој е празник и на Општината ќе одигра пријателски натпревар со Пелистер, како дел од подготовките за новата сезона.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 18 ЈУЛИ
Следната статијаПреподобен Сисое Велики.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука