НА ДЕНЕШЕН ДЕН – 18 ЈУЛИ

0
385

*18 јули1967.– Во Охрид на Третиот црковно-народен собор, Светиот Синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прогласување автокефалност на Македонската православна црква како наследничка на обновената Охридска архиепископија. Одлуката ја соопшти новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј (Димитрија Стојковски). По него за архиепископи на МПЦ се избрани г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г. Гаврил (Ѓорѓи Милошевски), г. Михаил (Методи Гогов) и г.г. Стефан (Стојан Велјановски). Соборот се одржа  во охридската црква „Св. Богородица Перивлепта“ (тогаш позната и како „Св. Климент“). Од страна на Светиот архијерејски синод.Како прв архиепископ на возобновената црква бил прогласен г.г. Доситеј. Одлуката ја соопштил новиот архиепископ Охридски и Македонски г. Доситеј чие световно име е Димитрија Стојковски.

18 јули 1918 – Битола претрпела големо бомбардирање, а бомбардирањето било  секојдневие Извадок од дневникот на Мери Метјус, Американска мисионерка во Битола.

-18 јули 1942 година во Софија  осуден и обесен е Васил Антевски – Дрен е македонски револуционер, општественик и партизан, роден 1904 година во селото Оморане, Велешко. Пред војната му припаѓал на напредното младинско и студентско движење и се изградува во висок македонски интелектуалец. По почетокот на Првата светска војна, Васил Антевски заедно со семејството и многу свои соселани бега во Солун, откаде заминал за Франција. Таму престојувал од 1915 до 1919 година и завршил основно училиште во гратчето Вилфранш. По враќањето во Македонија, завршил гимназија во Велес, а од 1922 година студира на Правниот факултет во Белград, кој го завршил во 1928 година. По завршувањето на студиите работи како судски приправник во Куманово и Велес, а потоа и во СкопјеПо завршувањето на Правниот факултет во Белград работел како адвокат во Велес, Скопје и на други места низ Македонија. Заради својата непомирлива национална македонска борба и организирање на македонски интелектуалци и граѓани, во 1937 год. е осуден од кралската српска власт на една година затвор кој го издржува во Сремска МитровицаПо бугарската  окупација, Антевски е меѓу првите излезени со пушка во раце во одбрана на својот македонски народ. Кон крајот на јули 1941 година Антевски преминува во илегалност, а на 20 септември се приклучува на Скопскиот партизански одред. Ноември 1941 год. како борец на Скопскиот партизански одред, по обемните операции против одредот, паѓа во рацете на бугарската окупаторска полиција.Му суди Прекиот воен суд во Скопје од 27. IV. до 09. V. 1942 година…На процесот Бугарите му забрануваат да зборува македонски и бараат да зборува бугарски. Но исмевајќи ги Антевски им зборува на француски јазик. Во лице им кажува за својот македонски народ и неговата борба јавно осудувајќи ја бугарската окупација на Македонија.

Заради ова осуден е на смрт со бесење. Пресудата се извршува во Софија.

*18 јули 1986.- Во Скопје умре Ванѓа Чашуле, истакнат македонски новинар, историчар, публицист и преведувач. Автор е на книгите „Од признавање до негирање“, „Биографијата на Гоце Делчев“, како и на други научни трудови. Носител е на „Партизанска споменица 1941“. Родена е во Радовиш, на 9 август 1923 година.

Претходниот артикал,Верувањa поврзани со Игла
Следната статијаИНТЕНЗИВНИ ПРИПРЕМИ НА Ф.К.КАДИНО.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука