*На фотографијата ФК „Илинден – 1958/59г.,сликани на игралиштето на Ф.К.Илинден, кое и денес се наоѓа на истото место.Направите споредба на тогашниот амбиент на местото со денешното.Непосредно до игралиштето имаше неколку големи вирови кои беа полни со вода во есен,зима и пролет.Интересно беше кога топката ќе отидеше во вирот ,тогаш сите се активираат како да ја извадат топката ,со фрлање грутки земја се предизвикуваа таласи топката да ја отераат до брегот.И кога нема излез иако е голем студ некој ќе влезеше до половина во вода и ќе ја изнесеше топката. Инаку вировите биле создадени затоашто на тоа место се ископувала земја се правеле керпич и цигли за сите потреби во тоа време ,за индивидуални,општествени и стопански градби.
На фотографијата :Од лево кон десно :Киро Бошковски,Миле Саздовски,Коле од Марино,Трпан од Ергеле,Бошко Мирковски,Трајче од Кадино?,Миле -пашка од Ск.,Слободан -лопатка од Ск.,Кице Вељковиќ од Марино,Аце Дончевски и Сашко Апостоловски.










































