Кадетската екипа на Бутел го освои првото место на Ф4 турнирот од кадетската лига на Македонија.
Овој успех на РК Бутел го доживуваме и како голем успех и на нашата школа Р.К.Илинден затоашто во екипата Р.К. Бутел настапуваат: Наум Симјановски,Петар Цветковски,Стефан Јовчевски,Филип Бошковски,Дејан Цоневски,Кристијан Трајковски и Дејан Михајловиќ,како и тренерот Дарко Јанев сите наши сограѓани и ракометари кои произлегуваат од нашата школа РК Илинден.


На турнирот беа прогласени за најдобри:
Наум Симјановски за најдобар голман, и
Петар Цветковски, за најдобар играч во кадетската лига на Македонија.