Зошто палиме свеќа и што значи тоа?

0
100

Зошто палиме свеќа и што значи тоа?

Kаква е симболиката на свеќата и значењето на овој христијански чин.

Според, Светиот Симеон Солунски ни кажува дека свеќата ги има следните значења:

Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок.

Мекоста на душата врз која можеме да напишеме било што.

Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови.

Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни.

Светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината.

Љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.

Палејќи свеќа ние треба да се потсетиме дека треба да живееме во светлината која сме ја добиле преку крштевањето (просветување).

Кога се оди во Храмот, верникот треба да запали свеќи за живите и за покојните

Свеќата на крштението ја симболизира духовната светлина која ја прима новопросветениот и која треба да ја сведочи и покажува пред луѓето.

 Свеќите на погребот, гробот и поменот ја симболизираат светлината Христова, која се молиме да го просвети покојниот и да го упокои на место светло, блажено, каде нема тага, ниту воздишка, но живот бесконечен.

Претходниот артикал,ТВРДИНА ИСАРОТ-ШТИП
Следната статијаПоранешни членови на КУД Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука