Свадба на Бранко и Вангелија Георгиевски во 1975 година

0
269
Фотографија од свадбата на Бранко и Вангелија Георгиевски во 1975 година.Инаку Бранко Георгивски е еден фудбаските легенди за наши прилики , интересно е да споменеме и една случка поврзана со со денот на неговата свадба. Имено, фудбалската игра на некои од тогашните фудбалери им била толку значајна, што се случувало да доцнат и на сопствената венчавка, односно, најпрво да го одиграат натпреварот, а дури потоа да одат и да се венчаат. Како пример ќе го наведеме случајот баш со свадбата на Бранко Георгиевски.На денот на неговата свадба ФК Илинден имал дерби натпревар, тој и Владо Ѓуровски и тој фудбалер на ФК Илинден , кој бил свирач на свадбата во еден момент ја напуштиле свадбата за да го одиграат мечот. И, двајцата го одиграле првото полувреме и дел од второто полувреме и морале да го напуштат натпреварот ,затоашто венчавката во црква според обичаите морала да се одржи до пладне(12 часот) Потоа и двајцата набрзина да се спремаат за свадбата. Во слични ситуации се нашле и други фудбалери на ФК Илинден како Киро Бошковски, Мице Ристовски, Аце Јовановски и други и тие на денот на нивните свадби најпрво го одиграле натпреварот ,а потоа отишле на својата свадба.

— со Љубица ИвковскаДрагана Ѓуровска,Костадин ЃуровскиЗлатко Ивковски и Петре Аџиевски.

Претходниот артикал,Чезата како превозно средство
Следната статијаПречек на Кумот Велче Пиличковски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука