14 Јуни 1909 година,ден на убиството на Васил Аџаларски

0
136

ВОЈВОДА ВАСИЛ СТОЈАНОВ-АЏАЛАРСКИ (Записи,еден дел од нив до сега необјавени, а приложени ви пишан текст од негов потомок ТОМЕ ГЕЛЕВСКИ, кој потекнува од Миладиновци, а денес живее во Скопје )

Роден на 24 декември 1880, а убиен на 14 Јуни 1909 година.

Роден е во скопското село Аџалари (денешно Миладиновци), според кое го добил својот прекарот-Аџаларски.

Малку познати работи од револуционерниот живот на Војводата Васил Аџаларски

-Уште како многу мал и млад опцесија му било да стане комита и да се бори за ослободување на Македонија.

-Како Васил дошол до првата пушка?

На почеток на 20 век,односно при крајот на турската империја  ,ревулуционерното движење во Македонија станувало се посилно  и се поуспешно се спротивставувало на турското насилство врз населението.

Тоа го потикнало и Васил да стане дел од Комитското движење ,тој често го напасувал добитокот во близина на надзорната кула на пругата во Миладиновци со единствена цел како да му ја одземе пушката на надзорникот АЛИ -ЧАУШ.

Еден ден кога надзорникот излегол од кулата да изврши преглед на пругата  ,Васил влегол во Кулата според една верзија и рекол на анамата дека Чауш го пратил да му ја донесе пушката , а според друга тој насилно ја зел пушката.

Потоа следувала три месечна обука за ракување со оружје во Бугарија,потоа се вратил и станал комита.

-По извесно време Васил прогласен е за Војвода и неговата чета била составена од 11 до 30 комити.

-Дејствувал од Скопска Црна Гора,Скопска Блатија,Кумановско,Кратовско.

-Во една акција во Мирковци се стационирале во куќата на УРУМОВИ ,турците набрзо разбрале за тоа ,се развила целодневна борба во која турците имале големи загуби ,а од четата на Васил немало настрадани.

Неможеј ќи да се помират турците со тоа ја палат куќата, при напуштање на куќата која била во пламен еден од комитите –Димитрија од Скопје, скокнал од чардак ,ама паднал и се наденал на кол и починал.

До него му пришол Васил и кога видел дека тој починал ,испраќа друг комита Томче во село Бразда да ги извести да го земат починатиот комита Димитрија и со со поп по сите закони да го закопат во Бразда.

-Во една случка Васил бил во Ибраимово и за тоа турците брзо сознале дека Васил со четата се наоѓа во селото и набргу го сардисале селото.

 Турската блокада била пробиена а во тоа  на четата им помогнал  Панче од Ибраимово(Петровец) ја пробиле блокадата соо цел да замине со четата према Мралино.

При овој пробој Васил турците испратиле Абер до Васил да се предаде ,и него турските власти во Скопје да го назначат за турски „гаваз“ на Скопје,во спротивно покрај тоа што овде сите ќе погинете ,туку ќе страдаат и вашите фамилии

. Васил ја одбил оваа турска понуда, потоа  се развила тешка борба.

Последна пречка му била Кулата во која имало турска заседа се развила тешка борба ,а пукањето од страна на Василовата чета било се послабо ,а турското се појако,тоа го приметило месното население од Петровец и многу се загрижиле за тоа.

 Тоа го препознавале по звукот на пукотниците ,комитите биле наоружани со пушки БЕРДАНКИ ,а турците со пушки МАЛИХЕРИ кои давале различен звук при пукањето.

Но, Васил исковал друг план да се приближи до кулата и кога тоа го сторил фрлил бомба во кулата заседата била уништена и неговата чета прешла во Мралино.

Од Мралино цел на четата била да се искачи на БАЛКАНОТ ,така го нарекувал реонот на горните села од Бунарџик до Бучинци.

Поминувајќи низ Кадино Васил сакал да го посети неговиот вујко(значи мајка му била од Кадино),но комитите многу му се молеле да него направи тоа ,туку што побрзо да се искачат на „Балканот

Набрзо стасале во Бунарџик каде им  обезбедло сместување и малку да одморат , а главна цел им била да стасат во Бучинци(поради место положбата на селото таму се чуствувале најбезбедни).

Ноќта стасале во Бучинци ги пречекал Денко  и Васил му се обраќа војводо Денко како е состојбата во селото ,тој му потврдил дека слободно тука можат да преноќат што и го сториле.

Вечерта го сокриле оружјето пред да заминат за село Пчиња и така Васил преправен во ПОП ,а комитите дел како негови клисари ,некој овчари со овци терајќи дошле до Пчиња.

Со друга организација во Пчиња им било донесено и оружјето

Но набрзо и од тука шпиони отишле во Орашец каде бил сместен турскиот ефенди мудар да го известат за тоа.

Турскиот „ мудар“ефенди си јавнал коњот и  право за Куманово каде побарал војска од турскиот паша ,потоа следувало сардисување на село Пчиња се развила тешка битка каде Васил бил тешко ранет во нога многу искрварил ,не верувал дека ќе преживи и побарал од неговите комити да го убијат.

Тоа на неговите комити многу тешко им паднало ја одбиле молбата на Војвода Васил ,ама и борбениот дух многу им се зголемил , ја пробиле блокадаата и вечерта дошле преку село Винци од каде Васил бил пречекан од тројца жители од селото ,кога го виделе тешко ранетиот Војвода многу тешко им паднало да не останат без војводата ,заминале за Скопје, доктор да доведат и за 12 часа довеле доктор,кој му ја преврзал раната ама констатирал и дека коската на ногата е скршена и дека мора да има болнилко лекување..

Бил скован план како Васил да се пренесе на лекување во Бугарија, така Васил бил поставен во мртовечки сандак, а комитите преоблечени во селски алишта поголемиот дел од нив и како жени  и така од село во село за три дена стасале до границата каде Васил бил преземен ои однесен во болница ва Софија.

По тримесечно лекување Васил па се вратил продолжил да ја води четата.

Војвода Васил бил убиен е заедно со својот 80-годишен дедо во заседа пред врата на на својот дом од страна на властите во Скопје 14 ноември 1909 година.

Убиството било направено од Кор Расим,при тоа сестрата на Васил Сирма, го вади пиштолот од појасот на Васил и трчала по Кор Расим да го убие.

Војвода Васил е погребан во црквата „Св. Димитрија“ , а неговото убиство било повод за масовни протести на македонското население од Скопско против властите,еснафот ги зтворил дуќаните сите биле да му оддадат почит на омилениот Скопски Војвода а неговиот убиец, Кор Расим бил обесен на камениот мост во градот. Оратори на митингот при неговиот погреб биле учителот Атанас Михајлов и адвокатот Тома Петков кој биле осудени на 2 години, а учителот Димитар Папанков, на 3 години затвор.

При акција за собирање на оружјето во режија на младотурците во 1910 година бие уапсени таткото  на Васил , Стојан и братот му Панче .

–За време на дејствувањето на Васил насилствата од турците врз населението се намалило ,затоашто знаеле дека Васил за секое нивно насилство дупло им враќал.

-Во една потера по Васил и неговата чета било сардисано селото Ќојлија,турците точно знаеле во која куќа е Васил ,ама истата не ја нападнале ,не сакале да дојдат во судир со неговата чета плашејќи се од загубите што ќби ги доживејале.

-Да се стекнеш со епитетот Скопски и почитта изразена кон Васил , само по себе зборувало за каков човек се работело.

-Турците во нивните обраќања за Васил го нарекувале Капетан Васил.

-Во 50-те години дошле некои историчари со цел да дознаат и го опишат делото и биографијатаа на Васил во Миладиновци, но од селаните не биле прифтени од сеуште присутниот страв  населението.

-Васил бил многу правичен и почитуван и заштитуван дури и од турците во Долно Коњари каде често престојувал.

-Во четата на Васил имало комите од сите села од скопска блатија.

За некои од неговите најверни членови во некоја друга прилика ,да се присоберат податоци

Погоре наведените записи за дејствувањето на Војвода Васил и неговата чета ,како и неколку песни во кои е опејан Васил добиени се од Томе Гелевски,внук на современиците на Васил Митре и Трајче, први братучеди на ВАСИЛ АЏАЛАРСКИ.

Преработено и припремено се  само еден дел од истите од Драги Ангеловски

Напомена:Се поставува прашањето зошто овој период е толку запоставен и многу малку е пишувано  за тоа?

Претходниот артикал,Матуранти -СОСУ Илинден- Мај 2023
Следната статијаСвадба на Драги и Сара во 70-те години

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука