Св.ДИМИТРИЈА-МИТРОВДЕН

0
937
Св.ДИМИТРИЈА-МИТРОВДЕН!
На 8 ноември православната црква го празнува Светиот великомаченик Димитриј Солунски, а празникот кај македонскиот народ е попознат како Митровден. Во народната традиција Митровден останал како празник кој го одбележува преминот од летната во зимската половина од годината, додека за Ѓурѓовден е обратно – тој го одбележува преминот од зимската во летната половина. На пример, наемните овчари се пазареле за периодот од Ѓурѓовден до Митровден.

Свети Димитрија, автор Аце Ѓорѓиевски.


Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода, добиен после многу молитви. По смртта на татко му, царот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, царот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше царот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби на 8 ноември 306 година. Некои христијани го зедоа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и големата базилика што го носи неговото име и до ден денес постои во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Avtor na rezbata Cacko Kocovski
Свети Димитрија, автор Цацко Кочовски


Свети Димитрија Солунски е заштитник на градот Солун. Исто така е заштитник на Сибир, откако Русите го освоиле и припоиле кон Русија во 1581 година.
Во времето кога Свети Димитриј бил в затвор, еден храбар човек од Солун што се викал Нестор побарал дозвола да се справи со суровиот гладијатор Лиј кој ги прогонувал христијаните. Свети Димитриј му дозволил да го предизвика на двобој, па Лиј бил убиен од Нестора, заради што на иконите се претставува Свети Димитриј на коњ како го убива Лиј.
Како ретко кој друг светител, светиот великомаченик Димитриј е почитуван и славен насекаде низ православниот свет, и особено на Балканот, меѓу Грците, Македонците, Албанците, Бугарите и Србите,Русите и други.
За многу години на сите кои го слават и го носат неговото име и празнуваат именден :
Димитрија, Димитар,Митре, Димо, Димко,Димче, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…
Митровден е неподвижен што значи ека секогаш е истиот датум, односно 8-ми ноември по ново или 26 октомври по стар календар. како што велат народните верувања, во очи Митровден или Ѓурѓовден треба секој да биде во својата куќа, бидејќи кој нема да биде во својот дом, тој преку целата година ќе спие по туѓи домови.
Во народот постои верување дека ако на Митровден биде облачно ,зимата ќе биде блага ,ако е ведро зимата ќе биде студена

Претходниот артикал,Митровденската или есенска Задушница
Следната статијаСвети Бесребреници Кузман и Дамјан ( Свети Врачи )

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука