Бучинци,Локалитет „Градиште“

0
745

На територијата на денешно село Бучинци се наоѓало  утврдено место од раноантичко и римско време, досега е откриено на локалитетот Градиште, кај село Бучинци. Градиштето кај с.Бучинци имало функција да врши контрола на значајниот пат Скупи – Пауталија и на целиот регион што гравитирал на овој дел од римската империја. Се наоѓа на надморска височина од 445 м. и релативна височина од 60, распослано на 1,5 ха.Утврдената населба се наоѓала на 100 м. Западно од селото, на доминантна височинка со зарамнето плато. Тука, при археолошките ископувања, се среќаваат фрагменти од керамички садови карактеристични за раноантичкото и римското време. На подножјето на градиштето од источната страна, во лозјата на В. Китановски, Б. Стојановски и К. Митовски, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (техули, имбрески, а и монети од Јустинијан I.) Во 2008 година, на локалитетот Градиште, во атарот на с. Бучинци, откриени се нови пајонски погребувања од железното време (од крајот на 8 до 6 век пр.н.е.) што претставува дополнување на сликата за присуството на пајонското племе Агријани и во овој дел на Македнија. Како посебна карактеристика на локалитетот е погребувањето во хумки, посебно евиден тираниот ритуал со животни, присуството на бронзени артефакти, керамика со врежани триаголници. Наодите од Бу чинци се сметаат за најсеверни манифестации на пајонската култура во земјава, со кои се заокружува скопско-кумановскиот регион, како еден од најјаките пајонски области, културно свртени кон југ и органски врзани за повардарјето и Брегалница, како матична пајонска територија. На овој локалитет, меѓу другото, пронајдени се и златни обетки, што е реткост во овој период од нашата историја.

Претходниот артикал,Дел од Мралино-Илинден
Следната статијаХотел „Белви“

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука