Приказна,од вистинит настан,Кратово крај на светот

0
101

Во Април 1941 година, во Кратово пристигнале три троцикл-мотори со војници и еден старешина. Веста за доаѓањето на Германците брзо се раширила низ градот, во кој тогаш имало многу народ. На изненадување на сите, германскиот старешина неочекувано испукал рафал накај ридот Баба. Во меѓувреме таму дошол доктор Трајче Манев, доктор, кој почнал да зборува на германски. Капетанот изненаден го прашал: ‘Од дека знаеш германски?’, на што овој му одговорил дека има жена Германка. Офицерот зачуден запрашал: ‘Од каде пак жена Германка?’. На тоа Трајче рекол: ‘Студирав медицина во Виена. Tаму се запознавме и се земавме“. Во тој момент присигнала Трајчевата жена, Екатерина (Марица) Манева, и почнала да зборува со капетанот. Капетанот ја прашал кои се младите луѓе што биле собрани, и што чекаат?. Екатерина рекла дека се тоа работници што чекаат да се пазарат за да копаат по лозјата, дека не се партизани. Трите водници на трицикли тргнале во обиколка на градот. Со нив ја зеле и Екатерина, поминале од Чаршискиот мост, Чаршијата и се упатиле накај Радин Мост. Кога стигнале на Радин Мост, еден трицикл поминал преку мостот и понатаму, накај село Близанци, но набргу видел видел дека патот се стеснува, дека, продожува како „козји пут“. Како што раскажуваат старешината по радиоврска го прашал каде се наоѓа? Одговорот бил: „Во моментов сум на крајот на светот. Гледам само небо и карпи“. Решиле да се вратат накај Чаршијата. Тогаш Марица им предложила: „Ќе ве одведам да видете нешто“. Влегле во Бидиковата кука. Војниците биле топло пречекани, со слатко. Старешината се интересирал за градската облека, за куќата – лажичките за слатко биле сребрени. Екатерина им кажала дека се на гости во трговска фамилија. За тоа што го видел, страешината само кажал: „Ова куќа во Македонија – кај нас, замок’. И, на враќање по кратовските сокаци, калдрамисани, ја виделе црквата и кулите. Продолжил накај село Шлегово, со голема мака да се пробиваат по тесните сокаци. Откако заминале од Приковци, целосно заглавиле кај местото Одина Нива – не успеале да продолжат накај Пробиштип. Во разговор со Централата, капетанот рекол дека се заглавени и не можат да продолжат за Пробиштип. Било17 часот. Централата дала наредба да се вратат накај Страцин. Во селската продавница на Ристеви во Шлегово земале само бисквити, благи работи и се вратиле“. Во Музејот во Берлин е архивирана службена белешка за „Крајот на Светот“. МТВ и Радио Кратово снимиле неколку прилози за Кратово и Екатерина.-Gordana Janakievska

Претходниот артикал,ФК МРШЕВЦИ-1998
Следната статијаСтојанче,Сунчица и две девојки од Томина -1982

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука