Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата заради величање на Пресветиот и Животворен Дух, кој е еден од Светата и Живоначална Троица, како спротивставување на учењето на еретиците коишто го отфрлаа Божеството на Светиот Дух и Неговата единосуштност со Бог Отецот и Бог Синот.
Духовден, овој празник уште се вика и „Света Троица“ зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.
Инаку, во нашата средина постојат две цркви посветени на овој празник, во Бучинци и Марино.


На празникот на Слегувањето на Светиот дух на апостолите подот на храмовите се покрива со трева, крај ѕидовите се потпираат гранки од липа или некое друго дрво, а иконите се китат со цвеќе. Овој обичај потекнува уште од првите христијани . На Духови народот плете венчиња од цвеќе и треба кои потоа ги носи дома и ги става крај кандилото и иконата. некои ги носат венчињата во ташна бидејќи се верува дека Бог ќе ги заштити од разни несреќи.