-Сивиот сокол
Сивиот Сокол сe смета за најбрзата птица на планетата. Се храни со птици, најчесто гулаби, патки, сколовранци и сл.
Во својот добро познат пад од небото постигнува фантастична брзина од 320 km/h. Во Северна Америка измерена е брзина од дури 389 km/h. Својот плен го лови исклучиво во воздух. Мажјакот кај сивиот сокол, како и кај повеќето птици-грабливки е 1/3 помал од женката. Својата сива боја ја добива по една година возраст, претходно младите се темно кафени.