*По неуспешното Карпошово востание кое било крваво задушено од Турците, за да не им бидат убиени семејствата, голем број Македонци од Североисточна Македонија се преселиле прво во Војводина, а од таму во Украина која тогаш била дел од царска Русија.
Веднаш по доаѓањето во Украина, Македонците сакале да ја продолжат борбата против Турците, и стапиле во редовите на руската војска. Од нив бил создаден познатиот Македонски полк , кој подоцна војувал во многу војни кои ги водела руската царска армија.
Македонците во руската војска станале познати по својата храброст и борбеност, и биле праќани во првите борбени редови заедно со најхрабрите руски воини Козаците.
Сите припадници на Македонскиот
полк по националност се изјасниле како Македонци, припадници на македонската
нација, а доказ е овој документ од државниот архив на Украина.
До името на секој член на Македонскиот полк е запишано дека е припадник на
македонската нација.Преземено од http://www.mn.mk/








































