На денешен ден-29 август

0
467

*29 август 1996.- На православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во црквата „Света Богородица“, кај Берово, од громовите од „ведро небо“што удрија во среде празничната трпеза од 10 до 15 илјади луѓе, при тоа загинаа девет лица, а 40-ина беа повредени.Наместо на 28 август било решено одбележувањето на празникот да се одржи утредента на 29 август со цел да биде во мрсен ден и да се готви мрсно. Многумина веруваат дека со тоа ја предизвикавме Божјата лутина, по што следуваше казна.  „ На дел од поврдените секоја година на 28 август на градите им се појавува црвенило во форма на орев,во моментот на ударот од гром тие седеле под орев “?!

*29 август 1882.- Во Велес умре Јордан Хаџиконстантинов – Џинот, македонски преродбеник, еден од најпродуктивните културни работници од 19. век, поет, учител, метеоролог, филозоф, етнолог, новинар, собирач на старини и борец против фанариотското движење. Познати негови дела се “Таблица перваја”, “Плач на скопското училиште многу трудное”, “Аврора”, “Труд ми е името”, “Минерва и деветте музи”, “Разговор или вистински човек”, “Училишта и учење” и др. Роден е во Велес, во 1820 година

*29 август 1920 роден е Јордан Леов — македонски писател.

*29 август 1949.- СССР ја изврши првата експлозија на атомска бомба

*29 август 1944.- На барање на пребеганата југословенска влада, а под притисок на британскиот премиер Винстон Черчил, кралот на Југославија Петар Втори во Втората светска војна му ја одзеде командата на Дража Михаиловиќ и го призна маршалот Јосип Броз за водач на југословенските сили против германската окупација.

*29 август1988г роден е  Агим Ибраими — фудбалер, македонски репрезентативец.

*29 август 1994.- Република Македонија и Република Унгарија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

*29 август 1994.- Саудиска Арабија ја призна Република Македонија

*29 август 2008 година  кај местото Скребатно, во непосредна близина на Охрид,се урна авион од типот „цесна 172“. Во трагедијата во која, според очевидци, авионот удрил во земјата под прав агол, загинаа четворица. Тие натаму објаснуваат дека „цесната“ удрила во автомобил „застава 750“ во која имало 13-годишно девојче, кое било полесно повредено.
Очевидците тврдат и дека настанот не бил случајност, а била избегната поголема несреќа бидејќи авионот што фрлал летоци можел да удри во група од три илјади луѓе насобрани да го прослават празникот Голема Богородица на неколку метри од несреќата.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -28 АВГУСТ
Следната статијаДел од населба Илинден

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука