Триживотна Карпа
Движејќи се од планинарскиот дом „Караџица“ до популарното „Бегово поле“ ќе наидете на „Троживотната карпа“.
На прв поглед не се забележува нејзината невообичаеност, но со движењето, со промена на визуелниот агол таа добива нова форма која наликува на птица (Сокол), потоа, чекорејќи ќе ја забележите втората форма на карпата која наликува на зајак и последно, карпата „станува куче“ (Шарпланинец).
Според легендата, на местото каде што денес се наоѓа карпата некогаш имало куќа во која живеело младо момче кое на три години останало без своите родители. Момчето, бидејќи не можело само да се чува, него го чувале три животни (Сокол, Зајак и Шарпланинец).

Соколот бил задолжен за нагледување на поширокиот простор околу куќата и за обезбедување со вода. Тој летал над куќата и носел вода од најблискиот извор, кој се наоѓа на „Бегово поле“.

Зајакот растел со детето, тој си играл со него и го чувал од болести.

Шарпланинецот бил одговорен за обезбедување на храна.
Момчето, бидејќи се родило со срцева маана, не живеело долго. На свои тринаесет години, додека го палело оганот во дворот тоа починало. Во тој миг куќата и трите животни се претвориле во карпа, која претставувала надгробница на вечното почивалиште на проколнатото момче. Локалните жители велат дека карпата е свето место, во него се зачувани доблеста, хуманоста и храброста. Тоа е местото кое носи среќа и хармонија.








































