*21 ноември е Светски ден на телевизијата
*21 ноември 1979 година Собирот на работни луѓе и граѓани донесе заклучок со кој се дава подршка за промена на името-називот на селото од Белибегово во Илинден,што го иницираа Општествено-Политичките организација на МЗ Белимбегово.Советот на Месната Заедница “Белимбегово“постапувакќи по заклучокот од Собирот на работни луѓе и граѓани ја донесе одлука за преименување на називот на селото од БЕЛИМБЕГОВО во нов назив ИЛИНДЕН. На ова претходеше едногодишна постапка низ органите и телата на Месната Заедница ,на горенаведениот датум Потоа следуваше подолга процедура низ органите и телата на општина Гази Баба,Сојузот на Борци на Град Скопје,Комисијата за именување на улици и места на Град Скопје и најпосле до Извршниот Совет на Република Македонија,каде на 17 јули 1980 година барањето беше удоволено. Целата постапка од иницијатива во декември 1978,до одлуката на во Извршниот Совет траеше 17 месеци.

*21 ноември 1870г. роден е Ефрем Чучков ,македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација и учител. Заедно со Гоце Делчев учел во воено училиште во Софија и заедно го напуштиле. Потоа завршил Педагошко училиште во Казанл’к и повеќе години работел како учител. Како припадник на ТМОРО бил организатор на Револуционерната дејност во Пехчево и Мелник, каде дејствувал под туѓо име. Потоа бил Скопски окружен војвода, а на Ќустендилскиот конгрес во 1908 година бил избран за член на Централниот комитет на ВМОРО. Учествувал во Балканските војни

* 21 ноември 1875.роден е Никола Петров Русински, македонски револуционер, деец на ТМОРО, околиски војвода, учесник во Илинденското востание. Завршил подофицерска школа во Софија и бил близок пријател со Гоце Делчев и Васил Главинов. Задоен со идеите на социјализмот, тој го наоѓа своето место во македонското револуционерно движење и безусловно му служи целиот свој живот. Во 1897 година станал четник во првата чета на ТМОРО во Малешевијата, а потоа и во четата на Г. Делчев. Како близок соработник на Делчев, во 1900 година бил испратен во западниот дел на Македонија, каде станал првиот војвода – агитатор во Крушевско, Демирхисарско, Кичевско, Прилепско, Охридско, Струшко, Битолско и Мариово. Учествувал на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Битолско. Користел псевдоними како Апостол Скитов, Атила Елонски и сл. Оставил спомени за ВМОРО

* 21 ноември 1900.- Во Софија, во салонот „Славјанска беседа“ е одржана праизведбата на пиесата „Македонска крвава свадба“ од основположникот на македонскиот театар и драматургија, македонскиот писател Војдан Чернодрински.

21 ноември 1986.- Во Скопје умре Георги Божиков, истакнат македонски оперски уметник, првенец на Операта при Македонскиот народен театар. Роден е во Петрич, во 1931 година.
*21 ноември 1992.- Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
* 21 ноември 1994.- Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.
* 21 ноември 1996.- Формиран е Сојузот на металурзите на Република Македонијa
* 21 ноември 1999.- Во Тетово е одржано Основачко собрание на политичката партија Единство на Ромите во Македонија. За претседател на партијата е избран Меваил Алити. Регистрирана е на 22 февруари 2000 година, со седиште во Скопје.