Водопадите се наоѓаат во северниот дел на Осоговските Планини, кај с. Станци, јужно од Крива Паланка.
Амбиентот го красат два водопади, едниот е висок 9 метри а другиот 11 метри.
Поголемиот, Долен водопад функционира во текот на целата година.Неговата височина изнесува 11 м, по што е најголем постојан водопад на Осоговските Планини.
Инаку водопадот е релативно пристапен и се наоѓа во густа букова шума, што заедно со противодно по реката, кон повисоките делови има уште неколку мали водопади кои го надополнуваат амбиентот.
Долината на Козја Река е тесна и на одредени места скоро вертикална со изглед на мал кањон, па искачувањето по неа е доста тешко. Кон исток, долината стрмно се издига кон билото на Калин Камен на околу 1800 м и понатаму кон Царев Врв, што може да биде интересна рута за планинарење.