ЦАРСКИ МОСТ -КРАТОВО

0
200

ЦАРСКИ МОСТ -КРАТОВО
Во Кратово за време на  османлиска власт, во градот пристигнал султанот(царот) со својата придружба. Видни луѓе, што муслимани, што христијани, го пречекале, го нагостиле со кратовски мед и вино и очекувале царот да ги праша што сакаат да направи за Кратово, Султанот(Царот) прошетал низ чаршијата, се запознал со кратовските казанџии, калајџии, ковачи, клинчари и други занаетчии. Во тие мигови покрај царот минувала средовечна жена водејќи за узда коњ натоварен со качиња сирење и урда. Царот сите ги изненадил и одлучил токму неа да ја праша каков спомен ќе посака да направи  за Кратово.  Жената одговорила дека сака нов мост по кој ќе поминува со коњот кога ќе доаѓа од село, наместо гредоред каков постоел дотогаш. Царот веднаш отишол да го види тој Чаршиски мост (гредоред) и со страв поминал преку него за да стаса до маалото каде требало да преспие. Токму маалото кај што преспал одтогаш го носи името Царино-маало, а мостот кој наскоро се изградил бил наречен Царски мост.
Царскиот мост официјално е пуштен во употреба во 1804 година, реновиран е во 1933 година, а денес е ставен и на грбот на Општина Кратово.

Претходниот артикал,На денешен ден-18 септември
Следната статијаЉубе Димовски со своето одделение -1979 година

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука