Како настанал Градот Македонија во Америкa

0
124

Градот Македонија се наоѓа во државата Охајо во САД,тоа е е мало, мирно место кое постои од 1962 година, а станал град во 1970 година. Според пописот од 2010 година, во Македонија во Охајо живеат 11.188 жители.

Градот зафаќа површина од 25,25 км2, од кои 25,15 км2 се копнена површина, а 0,10 км2 водена површина. 41,2% од населението е со високо образование.

Името на Градот Македонија се смета дека го добило по интерна шега помеѓу студенти по благословие на колеџот “Western reserve” од Хадсон во Охајо, кои на почетокот на XIX век биле повикани да одржат проповед во мало место на 10 км на север, каде се потсетиле на главата 16 од Библиските дела на светите апостоли, во која е спомната Македонија:..“По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфатив­ме дека Господ не’ повикал таму да го разгласиме Евангелието.“ Според ова – местото било наречено Македонија.

Претходниот артикал,Во Азија многу држави завршуваат со зборот „ИСТАН“,знаете ли зошто?
Следната статијаДушко и Дафинка

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука