Овој термин е најогоден за собирање на убавите плодови ,кои се многу вкусни и лековити.
Инаку Јапонско јаболко (латински: Diospyros kaki) е дрвенесто растение од семејството Ebenaceae, познато во целиот свет како каки јаболко. Јапонското јаболко може да расте како повеќе дрвја израснати од истиот корен или како само едно дрво, може да достигнат висина од 7,5 метри. Расте најдобро во области со умерено ладни зими и не премногу топли лета.

Самиот плод има мала количина калории, но многу јаглехидрати кои се важни за дигестијата. Од минералите содржи: калиум, калциум, магнезиум и фосфор, а од витамините Ц, Б, А и Е и аминокиселини како што се лизин, триптофан, аланин и др.
Свежиот плод и неговиот сок се исклучително лековити при дигестивни проблеми како што се: опстипација, воспаление на цревата, хемороиди и разни болести на желудникот како што се лошо варење и гастроентеритис.
Освен за дигестивни пречки, корисно е и за регулирање на крвниот притисок, болести на црниот дроб и жолчката, за јакнење на имунитетот и нервниот систем бидејќи има смирувачко дејство.








































