Споменикот Мајкино скршено крило на 15 ноември 2006 е лоциран пред Домот на културата Кочо Рацин и истиот е посветен на 54 загинати старешини и војници во распадот на Југославија во текот на 1991 и 1992 година. Овој споменик е дело на уметникот Жарко Башевски, а направен е по иницијатива на воениот инвалид Томе Кипријановски и на Иницијативниот одбор на Здружението на воените инвалиди од 1991/92 година.