Љубовната приказната од крајот на 19 век, за неостварената љубов помеѓу убавата битолчанка Елена(Елени) Каринте и младиот Мустафа Кемал Ататурк , можеби е најголемата љубовна сага на овие простори.
Тој муслиман, таа христијанка, нивната голема љубов, предвреме осудена на пропаст заради религиските и општествените стеги,Младиот кадет Мустафа роден во Солун во 1896 , доаѓа од Солун да учи во воената гимназија во Битола.

Честопати шетал по Широк Сокак, а едно попладне пред Велигден во 1897 година, на балконот од куќата на богатиот трговец Ефтим Каринте, која и денес постои наспроти хотелот ,,Епинал,, ја забелжал убавата Елени, негова врсничка. И девојката не останала рамнодушна, па крадешкум, таму од балконот и таа фрлила поглед на стројниот Ататурк, висок, со убав стас и сини очи. И така Мустафа секој ден минувал пред куќата, а Елени го чекала на балконот. Меѓу нив се распламтила силна, но забранета љубов. Девојката за да биде со него, побегнала преку визбите на куќата. Заедно заминале надвор од Битола, но таткото на Елени, Ефтим, ги фатил, ја затворил девојката дома, а потоа, купил куќа во Лерин. Насила ја однел таму, со намера да ја омажи за друг човек.Девојката никогаш не се омажила, доживеала длабока старост, а до крајот на животот, неколку пати во годината примала чекови од странство. Починала во Лерин на 80 г.Мустафа Кемал подоцна станал прв претседател на Турција, творец на модерната турска држава, поради што го добил името Ататурк, татко на нацијата. Се оженил со Латифе Ханам, но бракот траел само две години , тој присвоил околу седум ќерки и синови. Ататур и Каринте не се сретнале никогаш повеќе.

Туристи минуваат илјадници километри, да ја посетата спомен-собата во битолскиот Музеј(кој бил воено училиште каде учел Мустафа) да се фотографираат под балконот на Каринте, но и да го читаат писмото што таа му го напишала на саканиот Мустафа Кемал








































