Козјак(Поречко Езеро)

0
151

Акумулацијата „Козјак” е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во Р. Македонија, а пред сѐ по вкупното количество вода во него. Веднаш после Козјак се Мавровско, Тиквешко и езерото Калиманци.

Езерото Козјак (Поречко Езеро)се наоѓа  во Поречкиот крај, на реката Треска, во нејзината Голема Клисура, на 15 km спротивно од браната на реката Треска.

 Езерото е долго 32 km, достигнува длабочина и до 130 m, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 m. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 m.

Основата на браната е 500 m, а круната или врвот е 310 m. Водите на реката Треска кои го напојуваат езерото, се вбројуваат меѓу најчистите води на Балканот. Езерото зафаќа површина од 13.5 m², а акумулира 570 милиони m³ вода.

Акумулацијата Козјак има најбогат рибен свет во Македонија. Тука се среќаваат 10 видови риби меѓу кои: кленот, виножитната пастрмка, мрената, боцкалката, попадиката, крапот, вардарката, скобустот и поточната пастрмка.

Езерото Козјак претставува идила за рекреативци, планинари, велосипедисти и посетителите кои имаат можност да уживаат во чистиот планински воздух и недопрената природа.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука