И, оваа галабија спаѓа во најстарите во Илинден ,предците на овој род, пред да дојдат во Илинден за време турско, живееле во селата Пагаруша, Г. Лисиче, Ракотинци и Кадино. Имаат деленици во селата Кадино, Трубарево и Инџиково.
Овој род подеднакво е познат по името „ГАУРОВИ“ или „НАЈДОВИ“
„ГАУРОВИ“,произлегува од зборот од зборот„Каур-Ѓаур“, некој нивен предок кога сакал негого да го потикне, подржи,бодри за некоја состојба или случај ,често го користел ајде момче, напред момче , држ се не се давај „Ѓаур-Каур “ и тоа така преминало во „ГАУР“
„НАЈДОВИ“,пак го добиле од името НАЈДО по најстариот нивни предок кој се доселил во Илинден.
Најдо, во Илинден дошол со своите
два сина по име Трпе и Ангеле.
Трпе имал три сина: Тоде, Спиро и Крсте. Едниот од
нив бил доведен, другиот затечен а третиот природен.
*Тоде во брак со
Лина имале три сина: Јован, Трипун и Петре и три ќерки Олга, Петранка и
Катерина..
-Јован,син на Тоде во брак со Велика
има три деца Виолета,Петранка и Михалјо.
Виолета,ќерка на Јован има два сина Раде и Жарко.
Петранка,ќерка на Јован има три деца Антонио,Стефан
и Ана.
Михaјло ,син на
Јован има два сина Далибор и Јовче.
-Трипун,син на Тоде,во брак со Деса имаат два сина
Жарко и Зоран.
Жарко ,син на Трипун има две деца Голуба и Иван.
-Трипун,син на Тоде,во брак со Деса имаат два сина Жарко и Зоран.
Жарко ,син на Трипун има две деца Голуба и Иван.
Голуба ,ќерка на Жарко ,мажена е во Марино и има два сина Леон и Лука.
Зоран син на Трипун има два сина Александар и Никола
-Петре,син на Тоде во брак со Цима , три деца Благица,Маја и Саше.
Благица,ќерка на Петре има две деца Ивана и Филип.
Маја,Ќерка на Петре има две деца Марко и Марија.
Саше,син на Петре имал еден син Методија.
*Спиро оженет со Васа имале три сина: Панче, Лазо и Цане и пет ќерки:Родна Слоботка,Славка, Јагода и Деса.
-Панче,син на Спиро во брак со Вида одгледале три деца Мара,Руди и Гордана
-Мара,ќерка на Панче две деца Виолета и Ивица.
-Руди ,син на Панче има две деца Дарко и Панче.
-Гордана ,ќерка на Панче има две деца Игор и Силвија.
Лазо,син на Спиро во брак со Трајанка одгледале , еден син Љупчо и ќерка Велика.
-Љупчо ,син на Лазо има две деца Маријана и Татјана.
-Велика ,ќерка на Лазо има две деца Николина и Влатко
Цане,син на Спиро,во брак со Митра одгледале три деца : Боре , Душан и Сузана.
-Боре,син на Цане има ќерка Александра.
-Сузана,ќерка на Цане има две деца Виктор и Филип
-Родна ќерка на Спиро има син Драги.
Драги ,син на Родна Далибор и Тодор
-Слоботка ,ќерка на Спиро има три деца Мирјана ,Зоран и Горан.
-Зоран ,син на Слоботка има две деца Ненад и Никола.
-Горан ,син на Слоботка има две деца Марко и Нина.
-Јагода ,ќерка на Спиро има две деца Оливера и Саше
-Оливера ,ќерка на Јагода има три деца Анастасија,Мартина и Леон.
-Саше ,син Јагода има ќерка Каја.
*Крсте во брак со Ана имале четири сина: Богоја, Илија, Драги и Стојанче и две ќерки Душка и Снежана
-Богоја има три сина Ѓорѓи, Дејан и Александар.
Ѓорѓи син на Богоја има две деца Македонка и Филип.
Дејан син на Богоја има три деца Теодора,Марија и Бојан.
-Илија,син на Крсте има син Југослав
Југослав син на Илија има два сина,Илија и Марко.
-Драги,син на Крсте има три Јовица,Бети и Анета.
Јовица ,син на Драги има две деца Андреј и Илијана.
Бети ,ќерка на Драги има три ќерки Јелена,Јована и Кате.
Анета, ќерка на Драги има две деца Матео и Илина.
-Стојанче,син на Крсте има два сина
Новица и Миле,кој има ќерка Сара.
-Душка ,ќерка на Крсте има две деца Горан и Горана.
-Снежана ,ќерка на Крсте има три деца:Даниела,Зоран и Елена.
Вториот син на Најдо, основачот на родот, бил Ангеле, имал два сина Љубе (загинат во Втората светска војна), и Владимир и три ќерки Мара,Пера и Ѕвезда
– Љубе, имал еден син Коце.
-Коце , син на Љубе имал два сина Љупчо и Боре.
Љупчо ,син на Коце има два сина Коста
и Антонио.
-Владимир,син Ангеле имал пет ќерки,Љупка,Светлана,Ленче,Весна и Билјана
-Љупка,ќерка на Владимир има два сина Игор и Ивица.
Игор ,син на Љупка има две деца Христијан и Даријан.
Ивица ,син на Љупка има три деца:Алексеј,Константин и Изабела.
-Светлана,ќерка на Владимир ,има две деца Игор и Вера.
-Ленче,ќерка на Владимир има два сина Владимир и Александар.
Владимир ,син на Ленче има син Андреј.
-Весна , ќерка на Владимир има два сина Петар и Давид.
-Билјана,ќерка на Владимир има две деца Георги и Георгина.
-Мара,ќерка на Ангеле омажена е во Ѓорче Петров и има три деца Гордана,Славица ,Светлана и Ацо.
Гордана ,ќерка на Мара има два сина Бобан и Игор.
Славица ,ќерка на Мара имадве деца Мирон и Кристина.
Светлана,ќерка на Мара има две деца Кристијан и Катерина.
Ацо ,син на Мара има два сина Марко и Мартин.
-Пера ,ќерка на Ангеле омажена во Шкодреви и има три деца:Богоја,Паља и Тана.
Богоја ,син на Пера има два сина Тони и Веле.
Паља,ќерка на Пера има две ќерки Даниела и Весна
Тана ,ќерка на Пера има две ќерки Васка и Ивана.
-Ѕвезда ,ќерка на Ангеле омажена во Арсови има два сина Зораан и Киро.
Зоран син на Ѕвезда има два сина Кристијан и Петар.
Киро, син на Ѕвезда има две деца Магдалена и Љубомир.
Фамилијарното стебло на оваа галабија денес во Илинден е распространето во девет куќи. Како фамилијарни ги користат презимињата Велковски,Ангеловски и Најдовски. Куќна слава на потомците на Спиро им е „Св. Никола„, а на потомците на Тоде и Крсте куќна слава им е „Св. Георгиј –Ѓурѓиц„ (Ѓорѓија-посен).
Податоците за галабијата воглавно се добиени од Трипун Велковски -83г.,Михајло Велковски,Панче Велковски,Македонка Велковска,потомци на овој род.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************