Водно, според преданијата, планината не го добила името поради богатството со вода иако на Водно има дури 41 извор – пет на јужната и 36 на северната страна), туку поради големите порои вода што се спуштале до градот .
Куќите во подножјето на Водно често пати биле затрупани од огромно количество камења и кал што пороите го носеле со себе.
Се до половината на 20 –от век Водно била гола –ненашумена планина, од 1949 година тогашните власти преземаат широка агитација за пошумување на Водно.
Во пошумувањето учествуваат граѓани од сите скопски маала и села .
Веќе од 1950 година за пошумувањето е задолжена тогашната Шумска дирекција. На пошумувањето постојано работеле 250 вработени плус околу 200 затвореници. Се пошумувало сè до 60-тите години на минатиот век.
По ослободување извршена е преселба на две села наводно за потребите на пошумувањето. Горно Водно е преселено во Кисела Вода, а Долно Водно во Жданец.
Народот особено насилно преселените жители од Долно Водно давале голем отпор за преселувањето, но биле преселени со разни применети методи и со голем „зорт“ и затоа Жданец и денес меѓу постарите се ословува со „ЗОРЛЕ“.
И ден денес меѓу насилно раселеното населението се прераскажува дека преселбата е направена иделаната место положба на овие две села да се насели со новата политичка елита и државни резиденции.
Според кажувањата на постарите жители од овие села на тогашната политичка елита и сметало да им рикаат селските магариња во непосредна близина.
Водно е прогласено за парк-шума во 1976 година.
Високо е 1067 метри, со должина од 12 километри, а широка 5,5 километри, односно зафаќа површина од 4.573 хектари.
На Водно растат 1.010 видови растенија, од кои дури 868 се автохтони.








































