Верувања поврзани со цвеќето БОЖУР

0
424

Уште од античко време е познат како украсно, но и лековито растение полно со благотворни состојки – антоцијаните во него делуваат противоспалително, додека танините делуваат на тонусот на кожата и намалување на иритациите. Веројатно никој не може да остане рамнодушен на убавината на раскошните црвено-розови цветови и густите листови, кои се украс речиси во секоја градина. За многумина божурот е најубавото цвеќе.

Кинезите со векови го вметнувале божурот во секој облик на уметноста, опишувајќи го како симбол на мирот, стабилноста и здравјето, а уште од 7.век тој е познат и како носител на добра среќа.

Верувања поврзани со  бојата на божурот.

-Сината боја значи верност

 -Портокалова гордост и енергија,

– Виолетова представува нежност

– Белата е симбол на невиност.

-Црвената значи љубов и убавина

-Зелената разбирање

-Жолтата љубомора.

-Божурот ја симболизира убавината и романтиката.

-Букетот од Божур се смета за предзнак на среќа.

Затоа ова растение често се користи за свадби, за двојката да има среќен брак.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука